На почетокот на идната недела, а најдоцна до вторник кај претседателот Стево Пендаровски ќе пристигне писменото барање во кое ќе биде наведено името на новиот мандатар.
-Првите контакти меѓу мојот кабинет и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски се направени вчеравечер ака што, најверојатно среда ќе биде денот кога ќе се случи формалното предавање на мандатот од моја страна, информираше Пендаровски.
По добивањето на мандатот, новиот мандатар во рок од 20 дена ќе треба до Собранието да поднесе програма и да го предложи составот на владата, а новата влада се избера со мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници.
Парламентарното мнозинство е стабилно, со Алтернатива е постигнат договор кој беше јавно објавен и кој беше јавно презентиран пред граѓани, договор кој се базира на стибилност и напредок на државата во согласност со европските вредности, порача портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска во гостување на емисијата на телевизија Алсат.
Кузеска најави дека новата Влада предводена од СДСМ и новиот мандатар ќе биде формирана кон средината на јануари а нејзин главен приоритет ќе биде справување со предизвиците коишто претостојат но и да се запази континуитетот на процесите и политиките важни за граѓаните.