Американскиот државен секретар Џон Кери по министерски состанок на НАТО во Брисел замина на балканска турнеја во рамките на која се фокусира на Косово, Србија и Грција. Македонија не му е за посета, но изгледа не му е ниту исклучена за муабет. Името според сите информации дефинитивно е тема со грчкиот премиер Ципрас. Кери овојпат изгледа го пакува регионот, и тоа најбитните дестинации Белград , Приштина , Атина и Скопје

Денеска Кери во Атина ќе се сретне со грчките лидери. На прашањата на новнарите што тоа средува Кери по Балканот, официјално Стејт департментот соопшти дека ова е првата можност на државниот секретар да има билатерална посета во Атина при што ќе разговара со премиерот Алексис Ципрас. Главни теми ќе бидат Кипар и бегалската криза.
„Ние работиме со Грција на многу полиња од борбата против милитантите на ИД до прашањето за името на Македонија“, соопшти Стејт департментот.
Ова последното е особено интересно Кери сигурно сам по свое без изим на македонските власти не би можел да преговара за името, за Македонија !? Да познато е дека име со географска одредница е црвената линија за двете страни, но како власта тоа сега би го реализирала, без референдум ли?
Кога американскиот државен секретар , преговара за името , сигурно мора да има некаков документ пред себе од Македонија , макар нон пејпер во рака дека властите во Македонија се согласни да го менуваат името. Такво нешто во јавноста нема, напротив нема ниту дебата!?
Средувањето на Балканот, станува уше поинтересно со руското вгнездување во Сирија, и со контрарепликата на НАТО со Црна Гора.. Дејвид Камерон е во Софија , каде исто така се општи за регионалниот контекст. Борисов и БУГАРИЈА отсекогаш биле на британските приоритети.
Македонија секогаш го имала тоа , ако си го смени името има шанси да добие веднаш покана за НАТО, експресно со едно јавување на Кери, ама точно тоа, името треба да се реши сега и веднаш.
Дипломатски извори велат дека дури и премиеорт да се согласил колку за пазар на својата позиција и заканите од специјалната обвинителка, тоа не е можно бидејќи тогаш ќе треба да се одлагаат изборите. НАТО не би прифатил никој да профитира од поканата за НАТО, или да губи со „продавање“ на името па со тоа да добие избори.
Другата опција е , тоа да му се спакува на сега „меѓународниот играч“ препродениот претседател Ѓорѓе, па да им се даде на пратениците да го изгласаат, а премиерот и онака е во оставка и да нема ништо со тоа…
Кој знае што се крие зад пораката од Стејт департментот :„Ние работиме со Грција на многу полиња од борбата против милитантите на ИД до прашањето за името на Македонија“ ?
Ад