Адријано беше некогаш еден од најдобрите напаѓачи во светот. Прекарот кажува сè – Император. Тој го доби во Интер.
Денес 39-годишниот играч веќе подолго време е надвор од терените, каде, сепак, не покажа се што можеше.
Откако го напушти фудбалот, светските медиуми пишуваат за неговите животни проблеми, животот во фавелите во Рио де Жанеиро, наводните проблеми со алкохолот …
На сите овие зборови, Адријано одговори на „Players Tribune“.
„Адријано се откажа од милионите. Адриано се дрогира. Адријано исчезна во фавелите. Тоа е се с ….“, напиша Бразилецот.
„Објавени се фотографии на кои сум наводно со гангстери и тие пишуваат колку е тажна мојата животна приказна. Нека се знае – Адријано не исчезна во фавелите, тој само се врати дома“.
Смртта на неговиот татко има огромно влијание врз неговата кариера. После тоа, тој веќе не беше истиот.
„После тој ден, мојата љубов кон фудбалот никогаш повеќе не беше иста. Станав депресивен, почнав да пијам и не сакав да тренирам. Не беше до Интер, сакав да одам дома. Иако постигнав голови, иако навивачите ме сакаа, немаше повеќе уживање “.
Тој призна дека сепак уживал во Италија.
„Како може некој да каже дека Господ не ме погледна? Во Интер ме прогласија за Император. Тоа е Божја волја, верувајте ми. Дечкото од фавелата станува Императорот на Италија. Јас не направив ништо, и тие веќе ме третираа како крал“, напиша легендарниот напаѓач.
Покрај Интер, за кој играше шест години, Адријано играше за Фламенго, Фиорентина, Парма, Рома, Сао Паоло, Коринтијанс и Атлетико Паранаенсе.