ТИРЗ и Стопанската комора ќе претстават 32 млади инспиративни луѓе пример „Иднината Почнува Дома“

од Stefanija Kuzmanovska

Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони на Република Северна Македонија (ДТИРЗ) и Стопанска комора на Северна Македонија денеска ќе ги претстават 32 поединци – млади инспиративни и успешни луѓе кои се избрани како пример дека „Иднината Почнува Дома“, стои во соопштението од ТИРЗ.

„Преку овој нов концепт на соработка претставуваме извонредни личности, млади визионери, креатори, двигателите на идните промени со кои заедно ќе работиме на нови иницијативи за младите во земјава“, појаснуваат од ТИРЗ.

Како што е најавено од организаторите, на настанот ќе се обратат претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Слични содржини