Имунизација почнува во среда, ќе се вакцинира во салата „Борис Трајковски“

од Берта Китинска
250 прегледи

Вчера во земјава пристигнаа вакцините на „АстраЗенека“ и „Спутник V“.

Вакцините на „АстраЗенека“ кои стигнаа преку Ковакс, ќе бидат наменети за да се вакцинираат 20.000 лица над 75 години со хронични болести и согласно местото на живеење ќе биде направена дистрибуција на вакцините во вакциналните пунктови во здравстевните домови, каде вакцинацијата се спроведува според редовниот календар од страна на кадар со искуство.

Според најавите до крајот на април се најавени уште 76.000 вакцини од истиот производител.

Министерот за здравство најави дека имунизацијата ќе започне во среда и дека се спремаат пунктовите и Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

– Спремни сме тој процес да се спроведе брзо и ефикасно во салата „Борис Трајковски“. Во понеделник вакцините ќе бидат распределени во градовите. Сето она што очекувавме да се случи порано еве се случи во април. Оптимумот е да вакцинираме 4.000, а мислим дека може да стигнеме до 7.000 граѓани на ден, на сите пунктови, во центрите за јавно здравје, во салата „Борис Трајковски“, слично како во Србија и Израел за да постигнеме задоволителна динамика, истакна министерот Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 126.938, бројката на оздравени пациенти е 104.356, на починати е 3.675, а бројот на активни случаи изнесува 18.907.

Слични содржини