Имунизација во Врање: Вакцинација на граѓаните од С. Македонија без претходно закажан термин

од Nikola Popovski
513 прегледи

Од денес граѓаните на С. Македонија можат да се вакцинираат на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци.

На местото за вакцинација во Здравствениот дом, благодарение на организацијата за масовна имунизација, на 5 и 6 јуни 2021 година, вакцинирани се група од 753 македонски граѓани, кои претходно добиле повик.

Потсетуваме, досега во Врање се вакцинирани 1.105 граѓани на С. Македонија, од кои според податоците, 836 од нив до сега ги примиле двете дози на вакцината.

Министерот за здравство, Златибор Лончар пред неколку месеци изјави дека досега околу 15.000 македонски граѓани се вакцинирани во Србија.

Слични содржини