ИН МЕМОРИАМ Чифлиганец за „Локално“: Македонија се уште има далеку поевтини недвижности од регионот

Со длабоко жалење како редакција ја примивме веста за смртта на Душко Чифлиганец, заменик-претседател на Адора Бизнис групацијата. Во негова чест, реобјавуваме разговор што го направивме со него на почетокот на 2024 година, за цената на недвижностите во земјава

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

Со длабоко жалење како редакција ја примивме веста за смртта на Душко Чифлиганец, заменик-претседател на Адора Бизнис групацијата. Во негова чест, реобјавуваме разговор што го направивме со него на почетокот на 2024 година, за цената на недвижностите во земјава.

Цената на недвижностите е секогаш склоп на повеќе комбинирани фактори како што се побарувачката, понудата, каматните стапки како за купувачите така и за инвеститорите, достапноста на градежно земјиште, цената на градежните материјали, понудата на работна рака на пазарот, глобалниот и локалниот макро и микро економскиот момент. Сепак потенцира дека Македонија се уште има далеку поевтини недвижности од регионот.

-Всушност, Македонија се уште има убедливо најевтини цени на недвижности во регионот. Адора во соседна Србија, на Златибор продаваме квадрат од 2700 до 5000 евра за метар квадратен. Би напоменал дека во Златибор не продаваме примарни недвижности наменети за живот, туку секундарни недвижности наменети за инвестиција и одмор. Во соседна Грција, во Солун, Адора гради одличен резиденцијален проект каде што цената е помеѓу 4500 и 5000 евра за метар квадратен, и речиси проектот е целосно распродаден, изјаву Чифлиганец во 2024 година.

Според него, не треба да се генерализира цената на квадрат без да се гледа конкретниот проектот за кој се однесува.

-Исто како што постои автомобил за 5 луѓе со цена од 20 000 евра, и со цена од 100 000 евра, на истиот начин постојат различни видови станови. Во овој момент, доколку во Скопје најскапите станови се со цена од 2500 евра за м2, во регионот, односно во Солун или Белград може да се каже дека тоа е просечната цена, што може да отиде и до 10.000 евра за м2 на одредени локации и проекти во соседните држави, истакна меѓу другото Чифлиганец во изјавата за „Локално“.

Текстот првично беше објавен на 12.01.2024 година

Слични содржини