Инаугурација на Бајден: Лејди Гага ја изведува химната, ќе настапи и Џенифер Лопез

од Stefanija Kuzmanovska

Лејди Гага ќе ја изведе националната химна на инаугурацијата на Џо Бајден, а Џенифер Лопез ќе одржи настап кога Бајден ќе положи заклетва како 46-ти претседател на Соединетите Американски Држави (САД) следната среда.

Најавата за нивното учество доаѓа еден ден по веста дека американскиот актер Том Хенкс ќе биде домаќин на специјална емисија што ќе се прикажува истовремено на сите поголеми американски телевизиски мрежи по инаугурацијата на Џо Бајден, со учество на американски ѕвезди меѓу кои Џон Бон Џови, Џастин Тимберлејк, Деми Ловато,…

Конгресот на САД ги потврди резултатите од изборите во ноември и така демократот Џо Бајден официјално стана 46-от претседател на земјата. Неговата инаугурација ќе се одржи на 20 јануари.

Слични содржини