ИНЦИДЕНТ на руски аеродром: Авион излета од пистата при слетување (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Авион на руската авиокомпанија „Смартавиа“ излетал од пистата при слетување на аеродромот во Перм, а во инцидентот нема повредени.

„Летот 5H 583 на авиокомпанијата Смартавиа од Санкт Петербург при слетување на аеродромот во Перм излизгал од пистата. Во моментов аеродромот Бољшој Савино е затворен за прием и полетување на авиони“, се наведува во соопштението.

Како што е прецизирано, во инцидентот нема повредени, а во авионот имало 186 патници и 6 членови на екипажот.

Слични содржини