ИНЦИДЕНТ над Црното Море: Руски авион се судри со американски дрон во близина на украинската граница

од Vladimir Zorba

Западни воени претставници денеска изјавија за АФП дека имало „инцидент“ со беспилотно летало кое било забележано над Црното Море, област на интензивна воена активност на НАТО во близина на украинскиот фронт.

Според извештаите, руски воен авион наводно се судрил со дрон од американско производство над Црното Море.

Тоа се случило во меѓународниот воздушен простор над меѓународните води.

Пропелерот на дронот е оштетен и дронот слетал во Црното Море, западно од Крим, изјави претставник на американската одбрана.

Рускиот Су-27 се упатил кон Крим и слетал таму по овој инцидент, рече официјалниот претставник.

Не е познато дали има оштетувања на Су-27.

САД и сојузничките сили ќе продолжат да дејствуваат во областа, се вели во соопштението, цитирано од Би-би-си.

Западни воени извори претходно во вторникот изјавија за АФП дека имало „инцидент“ со беспилотно летало Reaper од американско производство кое летало над Црното Море, област на интензивна воена активност на НАТО во близина на борбените линии на Украина.

Москва се уште не се огласи по оваа прилика.

Слични содржини