Јаник Синер, светскиот тенисер број еден го освои Австралија опен победувајќи го во финалето Александар Зверев, а по мечот се случи инцидент. Синер ја освои третата Грен слем титула, додека Зверев се уште нема ниту една.
На германскиот тенисер сигурно му беше многу непријатно од инцидентот кој се случи по мечот.
Се беше подготвено за церемонијата на доделување на трофеите. Како поразен во финалето, Зверев прв им се обрати на публиката на „Род Лејвер Арената“. Меѓутоа, една жена од публиката упорно викала и го прекинувала говорот на Германецот.
На лицето на Зверев се гледаше колку му е непријатно поради ова бидејќи молчеше речиси една минута.
Погледнете како изгледаа тие моменти:
‘Australia believes Olya and Brenda’
YES WE DO. FUCK YOU ZVEREV (and every other abuser) pic.twitter.com/Kotb14SauS
— matilda | ausgp! (@_P1ASTRI81) January 26, 2025