Инцидент пред Бакингемската палата: Коњ повлекол жена за коса (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
298 прегледи

Кога сме блиску до животни, секогаш треба да бидеме внимателни. Дури и ако пораснале меѓу луѓе и се целосно навикнати на нас, може да се случи да ги вознемириме со нашето однесување, што ќе ни го дадат до знаење.

Еден коњ, припадник на кралската гарда, на својата позиција пред Бакингемската палата, не можел „учтиво да побара“ од жена да се помести од неговиот личен простор, па ја грабнал за коса и ја повлекол.

Жената позирала пред палатата, на Парадата на Коњаничката гарда, а веднаш до неа стои предупредувачка табла на која пишува „Внимавајте, коњите можат да клоцаат или да ве каснат. Ви благодариме“. Токму тоа и се случи – жената сакала само фотографија, а завршила со видео кое стана вирален хит.

Сличен инцидент се случи неодамна на истото место, а можно е да се работи за истиот коњ. Тогаш животното каснало турист кој премногу му се доближил. Заедничко за двата случаја е што војниците седнати на коњите воопшто не реагирале.

Слични содржини