Инцидент во Кавадарци: Со пушка застрелал куче во двор

„Сред бел ден со пушка пукал во сопственичко кутре во приватен двор“, соопштија од Здружението „Лина - Спаси живот, добиј живот“

од Nikola Popovski
20 прегледи

Здружението „ЛИНА – СПАСИ Живот, добиј ЖИВОТ, помогни на животните“ од Кавадарци информира за грозоморен чин каде сред бел ден со пушка било пукано во кутре во приватен двор.

„Сред бел ден со пушка пукал во сопственичко кутре во приватен двор. Сторителот е пријавен, веднаш му била одземена пушката и приведен е во полициска станица“, информираат од здружението и додаваат дека очекуваат целокупен извештај за настанот од МВР и дека јавно ќе го објават сторителот.

Од „Лина“ посочија дека кутрето е со прострелна рана и укажана му била ветеринарски помош во Кавадарци, со што ќе биде упатено во Скопје за понатамошни лекувања.

„Според кривичниот закон “Убивање и мачење на животни, бараме од обвинителството да изрече највисока казна за стореното дело, казна затвор, бараат од здружението.