Индекс за човечки развој: Словенците најдолго се школуваат од земјите од бивша Југославија, Македонците најкратко

од Vladimir Zorba

Индексот за човечки развој (ИЧР) на УНДП, наместо на економскиот раст, се фокусира на луѓето и нивните способности како критериум за проценка на развојот на земјата.

Тоа е формула која ги мери сиромаштијата, писменоста, образованието, очекуваниот животен век и други фактори за да ги смести земјите во една од развојните категории (многу високо развиени, високо развиени, средно развиени и слабо развиени).

„Ал Џезира Балканс“ се фокусирале на просечниот број на години на школување како еден од факторите на Индексот на човечки развој.

По правило, граѓаните на многу високо развиените земји поминуваат значително подолги години во образование од оние во средните и помалку развиените земји.

Најдолго учат Германците – 14,1 година во просек, потоа Швајцарците – 13,9 години и Канаѓаните – 13,8.

Во Буркина Фасо и Нигер, кои припаѓаат на категоријата ниско развиени земји, просечното образование трае 2,1 година и тие се на дното на листата на УНДП. Во Гвинеја, Мали, Чад и Сенегал образованието трае помалку од три години.

Од земјите во регионот, Словенците поминуваат најдолго во образованието, во просек 12,8 години.

Граѓаните на Хрватска и Црна Гора поминуваат во просек по 12,2 години во училиште, 11,4 години во Србија, 10,5 години во Босна и Херцеговина и 10,2 години во Северна Македонија.

Подетално во интерактивната карта подолу:

Слични содржини