
Индиската организација за вселенски истражувања планира да ја лансира кон Месечината автоматската меѓупланетарна станица “Чандрајан-2” со мало вселенско возило и целиот овој настан да се случи во април, изјави индискиот државен министер на одделот за вселенски истражувања Џитендра Синг, цитиран од светските медиуми.
“Индија има намера да го лансира Чандријан-2 во април”, рече тој.
“Оваа мисија доаѓа по другата – Chandrayan-1, благодарение на што Индиската вселенска истражувачка организација откри вода на месечината. Мисијата “Чандрајан-2” “е поврзана со понатамошниот развој на проектот, кој е значаен колку и слетувањето на човек на Месечината.”
Синг истакна дека додека “Чандрајан-2” беше орбиталата станица “Чандрајан-2” е значително посложен проект кој предвидува слетување на природниот сателит на Земјата и испорака на мало вселенско возило на површината. “Чандрајан-2” е комплексна задача, бидејќи за прв пат ќе доставие на Месечината орбиталниот модул, пловен модул и самоходен апарат “, рече тој.
Синг додаде дека слетувањето било планирано во областа јужно од Месечината. До сега, само САД, Русија и Кина успеаја да слетааат на површината на Месечината односно да испратат свои вселенски модули. Ако индиската мисија е успешна, тоа ќе биде огромно достигнување за индиската организација за вселенски истражувања. Проектот Chandrayan-2 вреди 8 милијарди рупии (околу 125 милиони дол