Судија во Раџастан, Индија, одобри развод за Сангета Мали, затоа што сопругот не и обезбедил тоалет, што се смета за сурово.

Дваесет и тригодишната Сангета пред судот рекла дека нејзиниот сопруг Чоту Лал мали, се сложил да и направи тоалет кога се венчале во 2011 година, но дека тоа никогаш не го остварил. Сангета вели дека и било срам да оди на отворено поле кога има физиолошка потреба.
„Постојао зборуваше дека ќе ми направи тоалет, но тоа беше само зборување. На крајот отворено одби, а и неговите родители. Секој ден беше агонија кога морав да чекам да се стемни за никој да не ме види и н можев повеќе да живеам со тој стрес“, вели таа.
Нејзината приказна стигна на насловните страници на индиските весници, а пресудата која ја донесе судијата е цитирана поради силната порака.
Тој вели дека факт е дека жените кои мора да одат во тоалет на отворено поле, еднаква на ментална тортура и дека е срамота што тоа се случува во 21 век.
„Дами некогаш ни сметаше што нашите мајки и сестри мораа да одат во тоалет на отворено? Жените во селата мора да чекаат да падне ноќ за да се олеснат и како резултат на тоа трпат физичка болка“, рече судијата Раџендра Кумар Шарма и додаде дека несфатливо е мажите да трошат пари на алкохол, цигари и мобилни телефони, а да не можат да изградат тоалет во своите домови.
„Нашата земја е многу назадна во однос на другите земји. Ако сакаме нашите жени да живеат достоинствено и нашата земја повтроно да биде чиста и голема, мора да изградиме тоалети, не само Мали, туку за сите Индијки, во селата и градовите“, порача адвокатот на Сангета.
Таа не е прва жена која презеде акција поради недостаток на основни хигиенски услови. Во март невеста во јужна Индија одби да се маќи додека мажот не направи тоалет. Во април лани, една невеста во последен момент ја откажа венќавката од исти причини.
Се проценува дека 2,3 милијарди луѓе немаат пристап до тоалет, а една третина од нив се во Индија.
Проектот „Чиста Индија“ почна во 2014 година и целта му е до 2019 година да се изградат 100 ммилиони тоалети за повеќе никој да не мора да врши нужда на отворено.