Индијци и Пакистанци дивееле во близина на Табановце, користеле пиштол и палки

од Nikola Popovski
361 прегледи

Основното јавно обвинителство Куманово за двајца Индијци и двајца Пакистанци донесе наредба за спроведување истражна постапка. Тие вооружени со пиштол, стапови и палки нападнале други мигранти кои се движеле пеш во близина на Табановце и ги ограбиле, одземајќи им пари и мобилни телефони.

Јавниот обвинител за осомничените, од кои двајца се државјани на Република Индија, останатите на Исламска Република Пакистан, поднесе предлог за определување на мерката притвор до надлежниот суд.

„На 4 јуни 2021 година, околу 21,00 часот во близина на Транзитниот центар Табановце, во состав на група од околу дваесет лица со употреба на сила, опасно орудие и огнено оружје, осомничените  од други лица одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. Имено, додека три лица – оштетени се движеле пеш во близина на транзитниот центар Табановце со намера да ја преминат границата кон Република Србија, биле нападнати од група од околу дваесeт лица, меѓу кои биле и осомничените. Притоа еден од осомничените  во рацете држел пиштол марка „Зораки-М 906-Т“, додека останатите во рацете држеле стапови и палки, а на појасите имале и ножеви.  Кога ги запреле оштетените, еден од осомничените започнал да им издава наредби  на останатите, велејќи им  „удри“, „земи им ги парите и телефоните“, „пукај“, при што осомничените лица започнале со напад и при тоа им задале повеќе удари со стапови и палки на оштетените во предел на главите и телата, а биле испукани и два истрели во земја. При нападот од оштетените биле одземени по 50 евра или 200 евра, како и мобилните телефони, при што им биле нанесени и повеќе лесни и тешки телесни повреди“, велат од ЈО Куманово.

Слични содржини