Индиска салата со пилешко месо

од desk2
1,4K прегледи

Време е на слави и имендени, па еве една несекојдневна салата за вашите гости, па и за вас.

Состојки
200 г мајонез
500 г варено и иситнето пилешко месо
200 г кисела павлака
по 100 г кикири и сончоглед крупно мелени
сол и црн бибер по вкус
1 лажица сенф
1 лажица кари во прав
3-4 кисели краставички

 

Подготовка
Сварете го пилешкото и оставете го да се олади, а потоа исечкајте го на ситни парчиња. Додадете ги не многу ситно мелените кикири и сончоглед и измешајте. Додадете ги ситно исечканите краставички.
Во друг сад измешајте павлака, мајонез, бибер, сол, сенф и кари. Сите состојки измешајте ги заедно со пилешкото.
Декорирајте ја салатата по желба.
Се чува во фрижидер.