Бизнисмен од Индија ја плати организацијата на венчавање на 251 жена од сиромашните средини. И, сето тоа токму на Бадник.

Махеш Савани масовната венчавка ја организираше во градот Сурату во државата Гуџарату во западниот дел од Индија, а свеченоста опфати двојки од хиндуистичка, муслиманска и христијанска вероисповед.
Бизнисменот, кој инаку се занимава со продажба на недвижнини, веќе со години организира такви масовни венчавки за девојки кои, на пример, го изгубиле татко си и не можат да ја платат својата свадба. Од 2012 досега, вкупно 969 двојки стапиле во брак благодарение на овој добротвор.