Индонезија усвои закон со кој се санкционира сексот надвор од брак

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

Парламентот на Индонезија денеска усвои нов кривичен закон, според кој сексот надвор од бракот е прогласен за кривично дело со пропишана казна затвор до една година, соопшти портпаролот на Парламентот.

Законот ќе се применува и за индонезиските државјани и за странците, пренесува „Ротерс“.

Со законодавната реформа се казнува и соживот на две лица кои не се во брак и не се роднински поврзани.

Слични содржини