Индонезиските власти денеска продолжија да се борат да достават помош до илјадниците евакуирани лица кои беа принудени да ги напуштат своите домови по смртоносниот земјотрес во Западна Јава во кој загинаа најмалку 271 лице, а 40 се водат како исчезнати.
Дождот, одроните и тешкиот планински терен ја отежнуваат работата на спасувачките тимови, објави „Ројтерс“.
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди во понеделникот градот Сианџур, на околу 75 километри јужно од главниот град Џакарта.