Во меѓувреме одговорните институции во Белгија ветија целосна транспарентност во врска со скандалот со заразените јајца, откако стана јасно дека белгиската агенција за безбедност на храната започнала истрага за можно инфицирање на јајца со пестициди неколку недели пред јавно да биде објавено дека во неколку држави во Европа се продаваат опасни за човековото здравје јајца.
Денеска ЕК изјави дека според системот за брзо предупредување на ЕУ е станало јасно дека е можно заразените јајца да ги минале и границите на Велика Британија и Франција . Најверојатно јајцата биле доставени од Германија.
Според портпаролот на ЕК Итконен следува органите во Шведска, Швајцарија, Франција и Велика Британија да ги направат потребните проверки. Според неа се следи патот на сите инфицирани јајца .
Стана јасно и дека владата во Франција распишала дека 13 серии од заразените јајца биле пронајдени во две претпријатија за производство на производи на основа од жолчки . Јајцата биле откриени во западна Франција и пристигнувале од Холандија.
Министерството за земјоделство во земјата сепак не може да изјави категорично дали некои од опасните производи веќе бил доставени на корисници.