Инфлацијата во август е 4,4 отсто – ризици за идната динамика и натаму постојат, велат од Народна банка

Годишната стапка на инфлација во август забави и изнесуваше 4,4%, под влијание на базичната и прехранбената компонента, при натамошен пад на цените на енергентите., стои во соопштението на Народна банка по редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика. 

од Vladimir Zorba
22 прегледи Фото: ChatGPT

Годишната стапка на инфлација во август забави и изнесуваше 4,4%, под влијание на базичната и прехранбената компонента, при натамошен пад на цените на енергентите, стои во соопштението на Народна банка по редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика. 

Сепак, остварената инфлација е над проектираното ниво, со што таа и понатаму останува во фокусот и потребна е внимателност. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани во надолна насока, што укажува на помали увозни ценовни притисоци во споредба со очекувањата. И покрај тоа, сѐ уште постои неизвесност околу идните движења на светските цени на примарните производи поради геополитичките тензии и климатските промени. 

Оттука, ризиците за идната динамика на инфлацијата и натаму постојат, а се поврзани и со натамошната неизвесност од променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз побарувачката, велат од НБ.