Инфо-сесија на УСАИД за новиот Закон за јавни набавки

од Марта Пешевска
111 прегледи

Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ денеска во Стопанска комора на Македонија ќе биде домаќин на инфо-сесија на тема: „Можности за доуредување на новиот Закон за јавни набавки и прашања од интерес на компаниите“.

На настанот ќе присуствуваат домашни експерти кои ќе ги презентираат новините на новиот Закон за јавни набавки и тоа за напуштањето на концептот најниска цена и електронска аукција, објавувањето на плановите за јавни набавки, како и можноста за директни плаќања на подизведувачите, како и дали истите ќе бидат доволни за надминување на досегашните проблеми во однос на јавните набавки.

Примената на новиот Закон за јавни набавки ќе започне да се применува од 1 април 2019 година.