Претставници од Министерството за култура и Агенцијата за филм на Македонија денеска во Тетово одржаа инфосесија за потпрограмите култура и медиуми од програмата на Европската комисија „Креативна Европа” за заинтеерсирањните за апликација на повикот.

– Овие инфосесии се организираат пред да бидат објавени повиците за да ги инфопрмираме потенцијалните корисници да почнат со изработка на проекти – идеи, за кога ќе бидат објавени повиците да можат директно да ги достават до извршната агенција за образование, култура и аудио визуелни дејности на Европската комисија. Нивното спроведување ако бидат одбрани ќе започне во 2019 година изјави Биљана Принтовска од Министерството за култура.
Влдимир Стојчески од Агенцијата за филм појасни дека делот на аудио – визуелните дејности има три категории, за филмски продуценти и нивни развојни програми, дистрибутрери на европски филмови во Македонија, но без домашни филмови и третата категорија опфаќа организирање на филмски фестифали, тренинзи, усовршување, развој на публика, пристап до маркетинг и тука може да аплицира поширока лепеза на заинтерисрани.
– Аплицирањето оди во два наврати септември со краен рок з ноември и април следната година рече Стојчески.
Програмата „Креативна Европа“, како инструмент на ЕУ е наменет за реформи во културниот, креативниот и аудиовизуелниот сектор. Со својата комплексност опфаќа повеќе аспекти на европската културна соработка, која се спроведува во рамките на актуелните политики на ЕУ како што се надворешната политика, регионалната соработка, политиката за проширување, културната дипломатија и сл.