Иницијатива за “контра- ОН”!? Филипините се заканија дека ќе ја напуштат св. организација, ќе правеле свој глобален сојуз

од desk3
92 прегледи

 

Претседателот на Филипините Родриго Дутерте изјави дека неговата земја може да ги напушти ОН. Позицијата доаѓа како одговор на критиките на светската организација за зачестени убиства извршени при полициски рации во рамките на програмата за борба против шверцот со дрога, пренесе Ројтерс.

Image_5720719_126
Експертите на ОН во областа на човековите права ги осудија методите на Филипините власти и побараа да се запрат убиствата и егзекуциите на осомничените, за кои не е спроведена целосна судска истрага. Од почетокот на големата кампања за уништување на дрога во мај, кога претседателот Дутерте презеде функцијата, се убиени 900 лица.
Родриго Дутерте упати напади кон експертите и самата ОН, велејќи: Не сакам да ги навредам, но вреди да се размислува да заминеме од ОН. Филипински претседател ја обвини светската организација во неефикасност и безвредност, истакнувајќи дека таа не е во можност да стави крај на пукањето во Сирија и Ирак. Тој изрази подготвеност да ги покани Кина и африканските држави да создадат алтернативен глобален сојуз.