Иновативното решение на Мицкоски во Струмица е спроведено од Заев уште во 2012 година!

од Vladimir Zorba
796 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во предизборието најавува наводно „иновативно“ решение за гасификација на градовите со т.н. маалски резервоари, кои како што вели тој, по примерот на Арапските Емирати, ќе ги полни градско претпријатие!

Мицкоски намерно не споменува дека системот кој го заговара, во Струмица го воведе тогашниот градоначалник Зоран Заев уште од 2012 та година.

Инаку во Струмица на гасоводната мрежа се приклучени повеќе од 400 физички и правни лица. Меѓу корисниците се и локалните јавни институции.

Струмица е гасифицирана веќе десетина години. Гасот се носи во компресирана форма кој потоа се декомпресира и се пушта низ мрежата која е компатабилна за приклучување на националниот гасовод.

ЈП „Струмица гас“ уште лани ги почна работите за поставување на гасоводна линија до сите урбани заедници во градот откако општината со одлука на Советот обезбеди околу 420 илјади евра од Светска банка за целосно опфаќање на Струмица со гасоводна мрежа.

Слични содржини