Инспекциите се на терен и проверуваат дали се поевтини производите, уверуваат од СДСМ

од Nikola Popovski

Мерката „гарантирана цена“, воведена од СДСМ за намалување на цените на прехранбените производи е успешна и дава резултати, порачаа од партијата на власт.

Со одлуката на Владата, поевтинија лебот, млекото, млечните производи, месо, брашно, јајца, ориз и многу други прехранбени артикли во 25 категории на производи.

Овие производи во маркетите се обележани со „гарантирана цена“ која е за 10 отсто пониска од цената по која се продавале на 1 август.

За дел од производите, кои енормно поскапеа од август досега, цената е спуштена и до 40%. Во наредниот период следува намалување и на цените на пијалаците. Инспекциите се на терен и проверуваат дали мерката за намалување на цените доследно се спроведува, додаваат од СДСМ.

Слични содржини