Инспиративна работилница со режисерката Клаудија Тоси на Синедејс

од Vladimir Zorba
92 прегледи

 

Денеска на Фестивалот за евроспки филм „Синедејс“ во 13 часот ќе биде оддржана работилница со италијанската режисерка Клаудија Тоси. Во 1998 г. почнува да режира и работи на тв-емисии и реклами. Во 2003 г. почнува да работи и како режисер на креативни документарни филмови и продуцент, а во 2004 г. ја основа Movimenta, продуцентска компанија фокусирана на меѓународни копродукции. Клаудија има учествувано на EAVE во 2011 г., EURODOC во 2012 г, IDFA Summer Lab во 2014 г., Berlinale Talents (Doc Station) во 2015 г. и тренинг програмата на EWA во 2016 г.

„Ви требале години за да го снимите вашиот филм, сонувате да го дистрибуирате вашето сакано „дете“ во кината, сакате да ја подигнете свеста и да го промените светот, но најдоброто што може да ви се случи е да ве изберат неколку фестивали и потоа да го прикажат вашиот филм во киното во вашиот роден град и никаде на друго место. Ова можеше да ми се случи и мене. Мојот филм, „Совршениот круг“, снимен во болница за лица болни од рак, „е токму таков филм што никој не би сакал да го гледа“, ми кажа еден кино-дистрибутер, откако ме одби. Но јас знаев дека постои публика што ќе сака да го погледне. Па се потрудив и ете го филмот веќе две години патува од град до град. Не може ни да си замислите до каде сѐ може да донесат филм една жена, компјутер, интернет-врска и огромна страст за пишување“, вели Клаудија Тоси.