Instagram тестира функција за споделување на местата, што сме ги посетиле со Facebook

од Vlatko K
124 прегледи

Софтверските инженери на Instagram веќе експериментираат со нова функција која им овозможува информација за нашата локација, да се сподели со Facebook. Ова значи дека вашите GPS координати и податоците за локацијата на Instagram ќе бидат поврзани со вашата сметка во социјалната мрежа. Имајте на ум дека дури не треба да ја користите мобилната апликација за да испраќате вакви информации. Треба само да ја овозможите функцијата Location History.

Податоците споделени на овој начин ќе бидат користени од алгоритмите на Facebook за попрецизно насочување на рекламната содржина, пренесе TechCrunch. Новата функција генерира GPS координати во реално време за вашата местоположба, дури и без отворање на Instagram, а потоа додава податоци во делот за активност на вашата сметка на Facebook. Компанијата потврди дека всушност експериментирала со оваа опција, но не потврдила кога би ја интегрирала во сите кориснички сметки.

Желбата на Facebook е да знае во секој момент каде се наоѓаме, што ќе им овозможи да ни прикажуваат реклами со локален карактер, поврзани со областа во која се наоѓаме. Нивната база на податоци ја користи нашата активност во Instagram, Facebook и Messenger. Големото прашање е дали ќе имаме начин да блокираме слично следење на активностите или ќе се активираат по дифолт. Претстојат повеќе тестови пред финалната верзија на оваа алатка да е достапна за секого.