Институции и културно-историски знаменитости вечерва обоени во чест на македонскиот јазик

од Vladimir Zorba
413 прегледи

Неколку институции и културно историски знаменитости меѓу кои македонското Собрание, скопското Кале, Самоиловата тврдина во Охрид и Спомен куќата на Блаже Конески во Небрегово, вечерва се обоени во чест на Денот на македонскиот јазик.

– Вечерва македонскиот јазик најсилно ќе зрачи од Македонското Собрание, Скопското Кале, Самоиловата тврдина во Охрид, Спомен куќата на Блаже Конески во Небрегово, Офицерскиот дом во Битола, гимназијата Јане Сандански во Струмица, црквата Свети Никола во Крушево, спомен Костурница во Велес, напиша министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на фејсбук.

Слични содржини