Вакцината Спутник 5 против коронавирус, која е во клинички испитувања, не предизвикува алергиски реакции кај доброволците, изјавил денеска за новинарите директорот на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, Александар Гинтсбург.
„Нема алергиски реакции меѓу нашите волонтери за време на првата и втората фаза од клиничките испитувања, а меѓу 2.500 жители на Москва кои беа вакцинирани како волонтери, исто така не знам ниту еден случај“, објавил тој, пренесува ТАС С.
Гинтсбург додал дека пробните испитувања на вакцината Спутник 5 веќе се доставени во сите руски региони.
Според него, Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја развива протокол за проучување на вакцината против вирусот за пациенти со карцином.
Гинтсбург објаснил дека пациентите кои имаат рак користат лекови кои ја потиснуваат пролиферацијата на клетките, па вакцинацијата е контраиндицирана за нив.
„Не затоа што ќе стори нешто негативно, туку затоа што нема да успее“, рекол тој.
„За да се изгради имунитет, потребно е имуните клетки да се размножуваат“, додл Гинтсбург.
Според него, поради тоа, протоколот најверојатно ќе содржи распоред кога тој ќе се престане со користењето лекови за да го потисне развојот на клетките, за да се вакцинира индивидуата со цел да се заштити, а потоа да се врати кон вообичаениот распоред на лекови.