Интелектуалците на денешницата Оливер Стоун и Ноам Чомски ги скрстија мислењата поради Трамп и Клинтон

од desk3
88 прегледи

Датумот 8 ноември, кога ќе се одржат претседателските избори во САД, се приближува. Двајца познати американски интелектуалци Оливер Стоун и Ноам Чомски ги споделуваат своите грижи за двајцата кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп.

1476804429-640x640
Оливер Стоун, режисер и добитник на “Оскар”: Клинтон е кралица на хаосот и САД ќе преземат опасен пат, ако Хилари Клинтон победи на претседателските избори. Не треба да заборавиме дека таа ја поддржа војната во Ирак и во својство на државен секретар помогна за уништувањето на државата Либија. Резултатот од овие нејзини одлуки беше уште поголем хаос, целосна дестабилизација и појава на бегалскиот и миграцискиот проблем. Под изговор дека се борат против тероризмот САД собираат информации во целиот свет, но тоа не придонесува за засилување на безбедноста. Големата маса информации го спречува нејзиното сериозно структурирање. Глобалното следење има друга цел. Тоа не ја зајакнува безбедноста, но исполнува корисните задачи да се влијае врз економијата и да се води борба со протестните движења.
Ние сакаме да бидеме светски полицаец, да ги принудиме сите да ги прифатат американските вредности. Сакаме глобализација на американската империја. Еден ден таа империја сама ќе се сруши, процесот веќе започна. Но не сум сигурен дали јас ќе го доживеам “.
Проф. Ноам Чомски, филозоф и политички активист: Трамп е светски проблем “Прашањето е дали светот ќе преживее, откако Доналд Трамп ќе стане претседател. Ако тој биде избран, тоа навистина ќе биде сериозен потрес. Особено, ако тој почне да ја спроведува политиката, за која зборуваше до моментов, на пример, во нуклеарната сфера. Човекот кој ќе може да го притисне црвеното копче, е неук и површински, страда од манија за величие, кој во 3.00 часот наутро, наместо да пишува порака на Твитер за Мис Универзум, одеднаш може да си каже: “Некој не го прифати предлогот ” , да го притиснм копчето и да го свирнам светот. Тоа е сосема веројатно. И од таа причина и десните, и левите и воопшто сите аналитичари се толку загрижени.

Трамп широко го користи Твитер за своите политички изјави. Тоа е дел од растечката површинска култура, во која се читаат само кратки пораки. Твитови личат на карикатура, пишуваш неколку зборови, без да дадеш никакви докази ,даваш заклучоци, а всушност е празнина. Тешко можеме да разбереме што навистина мисли Трамп, бидејќи фрла мислења во сите правци. Медиумите не го создадоа, тие само му дадоа мегафон, напорно работат на неговиот ефект. Како што изјави директорот на Си-Би-Ес: Трамп ова се високи рејтинзи, а тие треба да се продадат, а тој може да биде продаден лесно. Освен тоа има една предност – тој го заврте вниманието на луѓето од важните прашања “.

Позицијата на Оливер Стоун е во негово интервју дадено за весникот “Нувел Обсерватьор”, а на проф. Ноам Чомски – пред “Стампа”.