За интелигентните луѓе е познато дека умеат да се забавуваат на нестандардни начини кои може и да се несфатливи за другите околу нив. Но, вистината е дека нив и така им е супер.
Според една неодамна спроведена анкета, интелигентните луѓе полесно можат да „откачат“ на доба забава, а со тоа и да придонесат за поголем наплив на адреналин и ендорфин, што само по себе значи дека додека тоа се случува тие се среќни, задоволни и безгрижни.
Карактеристично за нив е и тоа што многу не се грижат што ќе кажат другите, полесно флертуваат, порелаксирани се, без многу страв можат да испијат чашка повеќе и не се плашат да си легнат подоцна од вообичаено.
Тоа е така затоа што интелигентните луѓе се чувствуваат посигурни во тоа да експериментираат, додека оние, попросечните, сакаат да одат на сигурно.
Што мислите, дали има вистин во овој заклучок?