Интензивирани воздушните напади врз населените места во областа Доњецк

од Stefanija Kuzmanovska

Русија ги засили воздушните напади врз населените места во областа Доњецк во источна Украина, јавува „Анадолија“.

Руските воздушни напади се интензивирани врз градовите Бахмут, Краматорск, Часив Јар, Славјанск и Костјантиновка и околните села во близина на регионот на Доњецк.

Во саботата, тимот на „Анадолија“ снимил пожарникари на местото на настанот во градот Бахмут по руското гранатирање.

Според податоците на Обединетите нации, најмалку 5.237 цивили се убиени, а 7.035 се ранети во Украина од почетокот на војната на 24 февруари.

Околу 10 милиони луѓе избегаа во соседните земји.

Слични содржини