Интер, Баерн, ПСЖ и Барселона во четвртфиналето на Лигата на шампионите

од Љубиша Владимиров
20 прегледи

Фудбалерите на Интер, Баерн Минхен, ПСЖ и Барселона синоќа обезбедија пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

ПСЖ на гостувањето кај Ливерпул ја надомести негативата од првиот натпревар, откако Дембеле погоди во 12. минута за израмнување на вкупниот резултат (1-1). До крајот на регуларните 90 минути, како и во продолженијата, голови немаше, а францускиот првак го елиминираше премиерлигашот по изведување пенали (4-2). Голманот на ПСЖ, Донарума, ги одбрани ударите на Нуњез и Џонс, осигурувајќи му место на својот тим меѓу осумте најдобри екипи сезонава.

Во германското дерби, Баерн Минхен со вкупен резултат од 5-0 го елиминираше Баер Леверкузен, славејќи на гостински терен со 2-0. Головите за баварците ги постигнаа Хари Кејн (52′) и Алфонсо Дејвис (71′).

Интер, пак, со две победи над Феенорд обезбеди пласман во следната фаза, триумфирајќи во Милано со 2-1, откако и на првиот натпревар во Ротердам победи со 2-0. Головите за „нероаѕурите“ ги постигнаа Турам (11′) и Чалханоглу (51′), додека Модер (42′) беше стрелец за Феенорд.

Барселона, која претходно си обезбеди место во четвртфиналето, ја совлада Бенфика со 3-1 на „Камп Ноу“, за вкупен триумф од 4-1 во двомечот против португалскиот тим.

Слични содржини