Интер го декласираше Шахтјор и се пласираше во финале на ЛЕ

од Vladimir Zorba
158 прегледи

Интер – Севиља е финалето во Лигата на Европа. Ова стана факт откако „нероазурите“ го совладаа украински Шахтјор Доњецк со 5:0 во второто полуфинале на турнирот на арената „Меркур Шпил“ во Дизелдорф и за прв пат по 10 години имаат шанса за европски трофеј.

Првиот гол на натпреварот го постигна Лаутаро Мартинез во 19-тата минута. Во 65-тата, Данило Д’Амбросио го удвои водството на „сино-црните“ со глава. Во 74-тата минута Лаутаро повторно беше прецизен, а со два гола на Ромелу Лукаку, Интер го дотолчи украинскиот тим.

Доцна синоќа Севиља обезбеди место во последниот судир, откако постигна целосен пресврт против претходно именуваниот фаворит Манчестер Јунајтед.

Слични содржини