Интер потврди: Икарди и Наинголан не се дел од нашите планови

од Vlatko K
149 прегледи

Спортскиот директор на Интер, Џузепе Марота ги потврди информациите дека клубот нема намера
да смета на Мауро Икарди и Раџа Наинголан. Новиот тренер Антонио Конте планира сериозни
промени во тимот.

Кога градиш проект, ти требаат вистинските личности. Имавме можност да разговараме со
играчите и им ја објаснивме позицијата на клубот. Двајцата се свесни дека не се дел од нашите
планови. Тоа не значи дека имаме сомнежи во нивниот талент или вештина, бидејќи јас ги сметам
за одлични играчи. Талентот може да освојува натпревари, но тимот го освојува првенството, што е
нашата главна цел“, изјави Марота во однос на иднината на Икарди и Наинголан.

Шефот на „нероазурите“ ја отфрли можноста аргентинскиот напаѓач да го тужи клубот, со
објаснување дека нема да биде сопиран да учествува во тренинзите.

„Едно е да се каже дека Икарди е на пазарот, а сосема друго да го почитуваш договореното.
Договорот вели дека треба да му се даде можност да учествува на тренинзите и ние немавме
намера да го спречиме“, додаде Марота.