Интер се разбра со Данило

од Vlatko K
135 прегледи

Интер е на чекор од договор со Манчестер Сити за привлекување на крајниот дефанзивец Данило,
тврди „Газета дело Спорт“.


Според последните информации двете страни веќе сериозно преговараат за Бразилецот.
„Граѓаните“ платија за него 30 милиони евра пред две години и идејата на тимот е да биде во што е
можно помала загуба при продажбата.

Весникот вели дека цената најверојатно ќе изнесува 20-22 милиони евра.
Во меѓувреме од миланскиот клуб веќе се договориле со Бразилецот за четиригодишен договор и
плата во износ од 4 милиони евра годишно по оданочување, откако останува само да се постигне
договор и со неговиот клупски тим за неговата цена.

Данило има едвај 9 натпревари за Сити оваа сезона во Премиер лигата и е тврда резерва