Интер стави крај на кошмарната серија

од Vladimir Zorba

Интер конечно се поздрави со победа во Серија А.

По осум последователни натпревари, во кои тимот не успеа да освои три бода во италијанската елита (6 нерешени и 2 порази), денес „нероазурите“ исклучително тешко победија со 2:1 дома против Болоња, во меч од 24-тата рунда од шампионатот.

Гостите во текот на натпреварот добија и два црвени картони.

На тој начин, Интер го запиша со првиот успех во Серија А од почетокот на декември.

Тимот на Лучано Спалети има 48 поени на третото место. Болоња е 12-та со 27.

Резултати Серија А:

Сасуоло 0 – 0 Каљари
Киево 0 – 1 Џенова
Интер 2 – 1 Болоња
Сампдорија 2 – 0 Верона
Торино 2 – 0 Удинезе

Слични содржини