Кина е интересна земја со илјада годишна историја. Природата на Кина е неверојатна и своевидна, а индустрискиот напредок на земјата е извонреден.
Во рубриката “Знаете ли дека …? “ќе ви раскажеме интересни факти за Кина.
Кина е најнаселена земја во светот со неверојатни 1,38 милијарди луѓе. Таа е и втората по територија земја, повторно во целиот свет.
Кина ја поседува многубројната редовна војска и е втора земја во светот по буџет на Министерството за одбрана.
За жал во Кина владее голема сиромаштија . Повеќе од 100 милиони луѓе преживуваат со помалку од 1 американски долар на ден.
Во Кина се извршуваат најмногу смртни казни во споредба со сите земји во светот во кои е прифатено.
Во Кина се користат во просек околу 45 милијарди дрвени штипки за хранење на година.
Кина е најголем извозник на стоки во светот и втора по увоз.
Повеќе од 35 милиони луѓе во Кина сè уште живеат во камени пештери .
Повеќе од 700 милиони Кинези пијат загадена вода .
Повеќе од 1/3 од загадувањето на Сан Франциско доаѓа од Кина поради преносот на воздушни маси во океанот.
Во некои делови на Кина сонцето изгрева дури до 10 часот наутро , бидејќи територијата на земјата е голема, но кинеската влада ги обединила сите 5 временски зони во една. Така цела Кина има единствено сметање на времето.
78% од софтверот инсталиран во Кина во 2010, е пиратски, а не лиценциран.
На секои 30 секунди во Кина се раѓа бебе со вродена малформација.
Во Кина исто така е модерно да се бојадисуваат домашните миленичиња, па да изгледаат како други животни. На пример, мачки и кучиња се фарбаат на начин на кој личат на тигар или панда.
Национален спорт на Кина е тенисот на маса.
Играта PlayStation е незаконска во Кина.
Во Кина козметичките производи задолжително се тестираат врз животни, додека во Европа тоа е нелегално.
Во кинеските универзитети можете да специјализирате во науки за градникот .
На секои 5 дена некаде во Кина се појавува нов облакодер .