Интернет-криминал: Мајкрософт сруши една од најголемите мрежи на зомби-ботови

од Nikola Popovski
234 прегледи

Мајкрософт објави дека разоткрила меѓународна мрежа на зомби-ботови.

Мрежата „Некарс“ инфицирала повеќе од девет милиони компјутери и е една од најголемите светски мрежи на ботови.

Таа е одговорна за многу криминални измами, како што се кражба на лични информации и испраќање лажни фармацевтски пораки

Интернет-криминалците го прават ова со испраќање на спам содржина, собирање информации за активностите на корисниците на компјутер и бришење на податоците без да го известат сопственикот.

Што е мрежа на ботови?

Овие се мрежи на уреди поврзани на Интернет кои автоматски исполнуваат одредени задачи.

Интернет-криминалците ги користат овие мрежи за да ја преземат контролата врз уредите поврзани на Интернет и да инсталираат штетен софтвер.

Кога инсталираат малициозен софтвер, тие можат да земат информации од нивните компјутери или дури да ги користат за понатамошни напади.

Уред кој е заразен со штетен софтвер и се користи за други напади се нарекува зомби.

Каква била операцијата? 

За мрежата „Некарс“ првпат се слушна во 2012 година. Се верува дека во неа биле вклучени повеќе од девет милиони компјутери.

За да ја зголеми мрежата, тие користела специјален алгоритам за создавање имиња на домени што ги конвертирале во страници.Потоа мрежата ги користела овие страници за да испрати упатства до армија на заразени компјутери.

Мајкрософт соработуваше со партнерите, го сруши алгоритмот и со месеци нанапред успеа да предвиди какви имиња на домени се користени и да ги блокира.

Том Бар, потпретседател на Мајкрософт за безбедност на клиентите, напиша во блог-пост дека обелоденувањето и уништувањето на мрежата е резултат на осумгодишно планирање и заедничка битка со партнери од 35 земји.

Овој чекор е дизајниран да ги спречи криминалците кои ја направија мрежата повторно да ја користат инфраструктурата за сајбер-напад.

Дали мојот компјутер е заразен со малициозен софтвер?

Некарс беше една од најголемите малициозни мрежи во светот, но не и единствената.

Ова се некои од индикациите дека вашиот уред е заразен:

-Програмите се побавни и потешки за отворање
-Системот на вашиот компјутер паѓа редовно и мора постојано да се ресетира
-Просторот на хард-дискот се пополнува без претходно предупредување
-Спам пораките се испраќаат од вашата адреса

Malware – малициозен софтвер – е сеопфатен термин за програми што се користат за напад на компјутери. Тој често копира податоци, следи што прават корисниците и брише информации од компјутерите доколку сопствениците не го платат тоа што го бараат сајбер-криминалците.