Интерпелацијата за Спасовски ја бранат само четворица пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

од desk2
128 прегледи

Во салата на Собранието додека трае расправата за интерпелација на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, само четворица пратеници од ВМРО=-ДПМНЕ ја бранат интерпелацијата.

До сега не се случило опозицијата да не е во можност да обезбеди доволен број пратеници да ја бранат поднесената интерпелација и да не можат да го пополнат времето до гласање за иницијативата што сами ја поднеле.

Станува ли збор за проблем на самата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ?

На почетокот на седницата координаторот на опозициската партија Мицевски во образложение на интерпелацијата го обвини Спасовски за непотизам и корупција и дека безбедноста е сведена на нула.

Министерот во своја одбрана рече дека ВМРО ДПМНЕ заработувало од секој тендер и дека сите вработувале роднини во МВР каде 60 вработени биле со фалсификувани дипломи.

До полноќ треба да заврши седницата за интерпелацијата на Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.