Интервју со Ѓурѓевиќ: „Отворен Балкан“ кај компаниите ќе поттикне здрава конкуренција околу минималните услови за работа и плата за работниците

од Vladimir Zorba
775 прегледи

Србија има дефицит од сезонски разботници во земјоделието, а Албанија во текот на летото. На Македонија, исто како и на нејзиниот северен и западен сосед и недостасуваат кадри во ИТ секторот, а во сите три држави нема доволен број градежни работници. Ова се само некои од предизвиците со коишто ќе се соочи иницијативата Отворен Балкан која покрај тоа што ќе отвори многу поголеми можности за економиите на овие земји, треба  да им даде  шанса на граѓаните сами да најдат работно место на овој многу поголем пазар на работна сила.

По недамнешното ратификување на Договорите за условите за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан, претстои потпишување на протоколи после кое целиот систем ќе може да се стави во употреба.

„Целта на овој Договор не е превземање на одредена работна сила или некаков натпревар меѓу државите. Здравата конкуренција околку минималните  услови за работа, платата и останатите бенефити ќе влијае и врз работодавачите и врз нивниост став какви услови ќе понудат на нивните работници“, изјави за „Локално“, Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија.

Како перспектива ја посочува и можноста за инвестиции  во некоја погранична зона ( на пример меѓу РСМ и Србија), со што би обезбедиле работна сила од двете држави.

„Таков пример е оној меѓу Унгарија и Украина. Тоа не е нешто ново- компанијата е лоцирана во близина на границите, па граѓаните кои живеат  во кругот од неколку километри можат таму да работат без какви било проблеми врзани со преминување на границата“, вели Ѓурѓевиќ.

Во меѓувреме, иницијативата „Отворен Балкан“ веќе ги регистрира првите придобивки. Вкупната трговска размена меѓу Србија и РСМ во 2022 година изнесуваше 1,4 милијарди евра и е за 32% зголемена во однос на 2021 година. Србија извезе роба за Македонија во износ о 970,4 милиони евра што е за 19% повеќе од 2021, а увозот од Македонија беше поголем дури за 66,3% и изнесуваше 511,2 милиони евра.

Македонското Собрание ги ратификуваше Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот како и Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан. Целта е да се овозможи на граѓаните од трите земји да работат во која било држава без посебни работни дозволи, без какви било ограничувања, без аплицирање….Кога работниците можат да ги очекуваат првите ефекти, можноста да работат во која било од овие држави?

-Овој Договор е еден од најважните во рамките на иницијативата Отворен Балкан, секако покрај олеснувањето на трговијата со прехрамбени производи. Договорот ќе  овозможи конкретни предности  на граѓаните на трите држави во насока на тоа навистина да ги почувствуваат придобивките на отворениот пазар на работна сила. Затоа, искажуваме голема благодарност до Премиерот и до Собранието на Република Северна Македонија поради чинот на ратификација на Договорот.Следниот чекор, кој треба да овозможи негова  практична примена е потпишување на протоколите помеѓу трите страни. Протоколите се веќе усогласени бидејќи на нив се работеше во изминатите месеци, додека се чекаше ратификацијата.ИТ системот кој треба сето ова да го овозможи е исто така ставен во употреба, односно е оперативен, па оттука сега “топката’’ е кај владите на трите држави кои  треба да ги усвојат протоколите со што ќе почне примената на Договорот. Ние како комори заедно со владите сакаме да организираме јавна кампања преку која ќе ги информираме сите корисници и компании како ќе функционира целиот систем. Се надевам дека во следните месеци веќе ќе ги имаме протоколите и ќе го ставиме системот во употреба.

Дали можеби Стопанската комора на Србија има проекции за тоа кои кадри би биле најмногу барани на пазарот на труд кој ќе биде заеднички за трите држави?

-Тоа зависи од структурата на стопанството. Знаеме дека постои дефицит на сезонски работници во Албанија во текот на летото, недостига потребен број на градежни работници во трите држави, имаме дефицит на услужни дејности- пред се на  стручни лица во рамки на ИТ секторот. Она што е особено важно за овој Договор е тоа што нуди персектива и можности за нови инвеститори кои ќе можат да дојдат и да инвестираат можеби во некоја погранична зона ( на пример меѓу РСМ и Србија), со што би обезбедиле работна сила од двете држави.Таков пример е оној меѓу Унгарија и Украина. Тоа не е нешто ново- компанијата е лоцирана во близина на границите, па граѓаните кои живеат  во кругот од неколку километри можат таму да работат без какви било проблеми врзани со преминување на границата. Секако дека секоја држава се соочува со дефицит на одредени кадри. Србија, на пример има недостиг на сезонски работници во земјоделието, но со отворањето на можности од овој тип се отвораат канали за кои дотогаш не сме ни знаеле дека постојат.

Кои од кадрите се дефицитарни во Србија, а Македонија ги има повеќе? 

-Нашата Комора нема анализи од овој тип.Целта на овој Договор не е превземање на одредена работна сила или некаков натпревар.Договор е постигнат  за да се создадат можности луѓето сами да можат да најдат место на пазатот на работна сила во рамките на трите држави.Нашите агенции за вработување ќе треба да се умрежат за да добиеме прецизни сознанија каде и кои кадри недостасуваат. Во моментов го немаме тоа ниво на поврзаност,но верувам дека со тек на време во рамки на оваа иицијативата, ќе дојде до поврзување на агенциите за вработување кои на ваков начин би располагале со сознанија за потребите и генерално за бројките на. потребните кадри.

Колку се основани сомневањата дека дел од кадрите ќе ја напуштат државата барајќи работа во Србија или Албанија? Според алармите, македонското градежништво е првиот сектор кадешто ќе се почувствуваат последиците бидејќи работниците изразуваат незадоволство од условите за работа и висината на месечните примања.

-Ова ќе ги принуди и компаниите во Македонија да ги подобрат условите за своите работници.Ситуацијата може да се погледне и од друг аспект. Ако ние, во државите од Отворен Балкан не направиме нешто во насока на подобрувања на условите за работа сите работници ќе ни заминат во некои други, трети земји од ЕУ.Можеби со тие држави не можеме да се натпреваруваме, но секако дека можеме да унапредиме некои работи.Здравата конкуренција околку минималните  услови за работа, платата и останатите бенефити ќе влијае и врз работодавачите и врз нивниост став какви услови ќе понудат на нивните работници. Затоа ова може да биде позитивно од аспект на тоа да ги поттикне компаниите да го подобрат статусот на нивните работници и да сторат се да не заминат.

Растот на трговската размена меѓу Македонија и Србија е се поочигледен.Колку тој сега изнесува? 

-Вкупната трговска размена меѓу Србија и РСМ во 2022 година изнесуваше 1,4 милијарди евра и е за 32% зголемена во однос на 2021 година.Србија извезе роба за Македонија во износ о 970,4 милиони евра што е за 19% повеќе од 2021, а увозот од Македонија беше поголем дури за 66,3% и изнесуваше 511,2 милиони евра.Суфицитот во стоковата размена изнесува 459,2 милиони евра.   Најважните извозни производи од српска страна беа минералните горива, елкетричните машини, железото, челикот, житарките, котлите, пластичните маси и производи. Од Македонија најмногу се увезуваа минералните горива, железото, производите од челик, фармацефтските производи и разни производи за хемиската индустрија. Во вкупно реализираниот извоз на Србија во 2022 година, Македонија е на 10.место и учествува со 3,5%, а според висината на увозот таа е на 22 место таа е на 22 место со 1,3% од вкупниот увоз на Србија.

Едно од особено важните прашања во рамки на иницијативата Отворен Балкан е олеснувањето на транспортот. Дали се зелените патеки едиснтвено и конечно решение за проблемот со повеќечасовното чекање или се воведуваат и други новини?

-Решение за повеќечасовното чекање е усогласувањето и целосното хармонизирање на процедурите меѓу сите три страни.Значи, целосно признавање на сертификатите на лабораториите со што производот и целосниот систем на контролата на производството ќе биде хармонизиран.Тоа се следни чекори во рамки на иницијативата, со што практично се  усогласуваат  нормите и прописите на производството  и пуштањето на производот во промет за да бидат исти во трите држави, но и потполно усогласени со оние во земјите од ЕУ.Во тој случај веќе нема да има потреба од контрола на секој камион.Србија веќе значително ги намали контролите.Македонија тоа сеуште не го направи иако донесе Правилник кој тоа го овозможува, но сепак  уште постојат одредени контроли кои нашите компании ги пријавуваат.Тоа е еден процес, и промените не можат да се случат преку ноќ.Многу поголема доверба има меѓу надлежните тела на РСМ и Србија и таа контрола е многу помала, но се уште постојат контроли меѓу Македонија и Албанија.Решение е усвојување на закони и мерки на кој начин се произведува и се пушта во промет храната, нејзината контрола, односно усогласување на законодавството.

К.В.С.

Слични содржини