Интервенираа 24 пожарникари: Пожарот оштетил три канцеларии на Државниот инспекторат за животна средина

од Берта Китинска
358 прегледи

Во пожарот што денеска изутрина избувна на првиот кат во зградата на поранешна Комерцијална банка, каде се сместени просториите на Државниот инспекторат за животна средина, нема повредени лица, а според првичните информации добиени од Инспекторатот, причинета е материјална штета во три нивни канцеларии, соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Според МЖСПП, на истиот спрат се наоѓаат канцелариите на Одделението за комуникација со јавност при Министерството за животна средина и просторно планирање.

-Во моментот на избувнување на пожарот, пред 07.00 часот, ниту еден од вработените не бил присутен во тие канцеларии. За утврдување на евентуална материјална штета во овие простории, ќе се формира комисија во рамки на Министерството. Во тек е увидот од страна на Министерството за внатрешни работи, со кој ќе се утврди причината за пожарот, наведува МЖСПП.

Пожарот во зградата на поранешна Комерцијална банка каде се сместени повеќе државни институции, како и МИА, избувна утринава околу 06:50 часот, а беше изгнаснат во 08:50 часот. Интервенираа 24 пожарникари со девет возила.

Слични содржини