Интервју со амбасадорот Ѕуо: Кина очекува С.Македонија да обезбеди пријателски, стабилен и недискриминаторски деловен амбиент

од Vladimir Zorba

Кина ги поддржува кинеските претпријатија да финансираат во С.Македонија, и се надева, дека двете страни ќе остварат соработка во различни области, вклучително и 5G технологиите. Се разбира, Кина очекува земјата да обезбеди фер, праведен, пријателски, стабилен и недискриминаторски деловен амбиент, како и секогаш, вели кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо во интервју за Локално.

Во однос на соработката помеѓу Н.Р. Кина и С Македонија во борбата против коронавирусот, тој вели дека е многу тесна и се темели на меѓусебна поддршка и помош.

– Во средината на април годинава, кинеската влада обезбеди група итни медицински средства на Р. Северна Макеконија, вклучувајќи медицински материјали како што се тестирање на реагенси, маски, заштитна облека и маски за лице, вели Ѕуо.

Кина е подготвена да работи со земјава и од гледна точка на „после пандемиска ера“, да се стави фокус на сплотената борба против вирусот, да се реализира заеднички развојот и да ги координираат превенцијата и контролата на пандемијата со зајакнување на работата и производството.

Во однос на тоа дали во иднина дали можеме да очекуваме нови проекти меѓу двете земји, кога ќе помине пандемијата, кинескиот амбасадор вели дека политичката меѓусебна доверба меѓу Кина и С.Македонија е солидна, а соработката во различни полиња продолжува да напредува.

– Двата автопати Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, се од првата група на проекти, користејќи „специфичен заем во вредност од 10 милијарди американски долари за земјите од Централна и Источна Европа“, посочува Ѕуо.

Во период кога целиот свет се бори против коронавирусот, каква е соработката помеѓу Народна Република Кина и С. Македонија?

– Превенцијата и контролата на пандемијата во Кина беа оддобрени и поддржани од земјите во светот, вклучително и од Р. Северна Македонија. Кина исто така обезбеди помош на меѓународната заедница и на земјите кои имаат потреба. Кина обезбеди две групи парични средства за СЗО во вредност од 50 милиони американски долари, и ветува дека ќе продолжи да дава меѓународна помош во вредност од 2 милијарди американски долари во рок од две години. Освен ова, Кина одлучи да ги откаже долговите на бескаматните кредити на релевантните африкански земји, кои мора да бидат исплатени пред крајот на 2020 година. До моментов, Кина обезбеди итна медицинска помош за повеќе од 150 земји и меѓународни организации, а новата вакцина против вирусот ќе се користи како глобален јавен производ откако ќе се пушти во употреба. Ова беше објавено од страна на претседателот на Н.Р.Кина Си Џинпинг за време на неговото учество на 73-тиот врховен самит на СЗО.

Во однос на соработката помеѓу Н.Р. Кина и Р. Северна Македонија во борбата против вирусот, мора да се каже, дека е многу тесна и се темели на меѓусебна поддршка и помош. Во средината на април годинава, кинеската влада обезбеди група итни медицински средства на Р. Северна Макеконија, вклучувајќи медицински материјали како што се тестирање на реагенси, маски, заштитна облека и маски за лице. 3 месеци потоа, во средината на јули, преку брз воз помеѓу Кина и Европа, Министерството за одбрана на Кина донираше уште една група на антипандемиски материјали на Министерството за одбрана на Р. Северна Македонија.

Во исто време, локалните самоуправи на Кина, како провинцијата Сичуан, градовите Нанчанг, Дејанг, Џинчен и др, исто и кинеското здружение за семејно планирање, други невладини организации и претпријатија од Кина, ги споделуваат своите антипандемиски искуства и донираат средства на Р. Северна Македонија и на збратимените македонски градови. Кинеската амбасада во Р. Северна Македонија дејствува навремено и во текот на борбата против пандемијата, им пружи итна помош на Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи и на сиромашните ромски семејства.

Освен помош во маски, заштитни средства, респиратори…како Кина може поконкретно да помогне на земјава во спречувањето на вирусот? Дали знаењата стекнати во вашата земја може да помогнат тука?

– Во моментов, пандемијата сè уште се шири брзо низ целиот свет. Верувам дека државите во светот, вклучително и Н.Р. Кина и Р. С. Македонија, треба да продолжат да работат заедно во борбата против пандемијата, да ја поддржат улогата на СЗО, да ја зајакнат меѓународната координација и соработка, да се грижат за животот и здравјето на луѓето во сите земји и да ја изградат здравствената заедница на човештвото.

Кина е подготвена да работи со Р. Северна Македонија, од гледна точка на „после пандемиска ера“, да се фокусираат на сплотената борба против вирусот, да го реализираат заеднички развојот и да ги координираат превенцијата и контролата на пандемијата со зајакнување на работата и производството. Мора да се промовира нашата соработка во консензусот за општата борба против Ковид-19, во зајакнување на заедничката превенција и контрола, во споделување на искуството за дијагностика и третманот, и во зајакнување на соработката во гарантирање на антипандемиските материјали, технологии, лекови и вакцини.

Нашата цел е да го заштитиме заедно економскиот развој и животот на луѓето, да ги промовираме напредокот на општите проекти, да ја унапредуваме размената на луѓе и трговските врски, да ја одржиме стабилноста на индустрискиот синџир и ланецот на снабдување, и да ги реализираме и продлабочуваме билатералните размени и соработка во ерата на „после-пандемијата“ .

Гледајќи отстрана, како мислите дека земјава се справува со коронавирусот?

– Новата пандемија на Ковид-19 е сериозна здравствена криза, која се случува еднаш во еден век, и влијанието од неа можеби ќе трае со години или децении. Гледаме, дека Р. Северна Македонија се потруди да се бори против пандемијата и се обидува да го контролира ширењето на вирусот. Може да се каже, дека целото општество функционира на уреден начин, на пример успешно се одржаа парламентарните избори и се прават напори за да се промовира економското закрепнување. Освен тоа, со меѓународната антивирусна соработка, Р. Северна Македонија ја одржува регионалната и глобалната јавна здравствена безбедност.

Со оглед на фактот дека уште не постои ефикасен лек против Ковид-19, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус истакна, дека за да се спречи ширењето на пандемијата, мора да се потпреме на основните мерки за заштита на јавното здравје и за контрола на болести. Затоа, судејќи според сегашната состојба, ако сакаме да се зајакнува повторно економијата, постојаните антипандемиски мерки се неизбежни, задачата пред Р. Северна Македонија не е лесна. Но цврсто верувам, дека доколку работиме заедно и си помагаме едни на други, ќе можеме целосно да ја победиме пандемијата и ќе изградиме подобра иднина за развојот на човештвото.

Каква е моменталната состојба во врска со спречувањето на коронавирусот во Народна Република Кина?

– Пандемијата од Ковид-19 е тежок тест за целиот свет. Под раководство на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, предводено од претседателот Си Џинпинг, Кина придржувајќи се на принципот – најбитен е животот на народот, усвои најсеопфатни, строги и темелни мерки за превенција и контрола на вирусот. По напорите од сите аспекти, Кина постигна голем напредок за контролирање на пандемијата, сеопфатно се започнува повторно работата и производството, и во вториот квартал, економијата постигна позитивен раст.

Земајќи го како пример Пекинг, во време на месец јуни, по десетици денови без нови локални потврдени случаи, на 11-ти јуни беше потврден нов заразен случај. Потребни беа само 24 часа, Пекинг го лоцираше „изворот“ на заразата, тоа беше пазарот Шин Фади. Во наредните 24 часа, Пекинг брзо го разграничи осомнечениот заразен регион и луѓе, и веднаш започна да спроведува најстроги епидемиолошки испитувања, тоа е целосно да го следи изворот и сеопфатно тестирање.

До 6 јули, вкупно 10.059 милиони луѓе биле тестирани за нуклеинска киселина, што означува дека секој ден се тестираат 500.000 луѓе. Во моментов, врз основа на воведувањето на мерките за превеција и контрола на вирусот, се отворени театрите, а пазарот Шин Фади исто така официјално функционира.

Како напредува тестирањето на вакцината во Кина? Кога вашата земја би можела да ја добие вакцината против КОВИД-19?

– Истражувањето и развојот на вакцините против корона вирусот во Кина е на водечка позиција во светот. Неодамна, Државната агенција за интелектуална сопственост го издаде првиот патент на вакцината против Ковид-19. Вакцините се користат кај здрави луѓе, така што безбедноста доаѓа во преден план. Кина ќе ги унапредува истражувањето и развојот, исто така и клиничките испитувања на вакцините, засновани најпрво врз принципот на безбедност. Истовремено ќе го изгради капацитетот за производство на вакцините, за да биде готова за масовно производство.

Како што изјави СЗО во воведот на неодамнешната прес конференција за пандемијата, во моментов, ширум светот, околу 165 нови вакцини против коронавирусот се во пробна фаза, 26 од нив започнуваат клиничко испитување, а само 6 се во III фаза на клиничко испитување, од кои 3 се од Кина. Покрај Ad5-nCoV, развиена од тимот на Кансино Биотех и тимот на Чен Веи – истражувач од Институтот за воена медицина при Академијата за воени науки на Кина, вклучуваат и Инактивирана вакцина против вирусот, развиена од групата Синофарм Сино Биотех и Киксинг Биотех.

Во светските медиуми читаме обвиненија кон вашата земја дека е одговорна за пандемијата на коронавирус и ја контролира работата на Светската здравствена организација (СЗО). Која е вистината? Дали Кина криеше информации кога се појави вирусот и со тоа го загрози целиот свет, како што безброј пати чувме од претседателот на САД, Доналд Трамп и од неговата десна рака Мајк Помпео?

– Верувам, дека лагите ќе запрат пред вистината. Ние инсистираме на користење на вистински факти кога дискутираме. Од избувнувањето на пандемијата, преку одржување на отворен, транспарентен и одговорен став, Кина навремено ја извести меѓународната заедница за пандемијата, потоа активно ја спроведува меѓународната соработка во општата борба против пандемијата, цврсто ја поддржува работата на СЗО, особено во следењето на изворот на вирусот.

Обединетите нации и СЗО заедно ги повикуваат сите земји да ја зајакнат солидарноста и соработката за борба против сите видови на лажни информации. Во моментов, експертите на СЗО се наоѓаат во Кина, заедно со кинески колеги спроведуваат истражување за изворот на вирусот. На 10-ти август, веб-страницата на Националната радиодифузна корпорација (NBC) на САД објави извештај, во кој е прикажано она што го видел новинарот на NBC, кога влегол во Институтот за вирологија во Вухан во Кина. Тоа е чисто јасно, кој ја фрла вината и кој ги создава лажните информации. Лагата повторувана илјада пати е сè уште лага.

Вирусите се заеднички непријатели на човештвото, а лажните информации се исто така. Лажната пропаганда не треба да се користи за започнување на нова студена војна меѓу луѓето. Новата студена војна не треба да се користи за да се преработи историјата на антивирусната борба. Од една страна, не треба да го политизира, стигматизира или етикетира вирусот, ниту пак не треба да се префрла одговорност од ширењето на вирусот или да се обвинува некој друг, бидејки тоа нема никаков ефект за стопирањето на пандемијата. Се разбира, нема потреба да ја користи идејата за Нова студена војна, да се промовира унилатерализам и протекционизам, исто така и хегемонизам и политика на моќ.

Земјите ширум светот доживеаја огромни економски загуби поради пандемијата. Во Македонија допрва ќе ги почуствувавме последиците од мерките за сузбивање на вирусот. Колку сепак влијаеше пандемијата на кинеската економија?

– Во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд се смета дека Кина ќе биде единствената земја од најголемите економии, што ќе постигне позитивен економски раст оваа година. Кина не го разочара светот, во вториот квартал, кинеската економија оствари позитивен раст од 3,2% . Во јули, увозот и извозот на стоки на Кина се зголеми за 6,5% во споредба со истиот период од минатата година, исто така и продолжува позитивниот тренд на раст на увозот и извозот, започнувајќи од јуни.

Може да се каже, дека во моментов, ситуацијата за превенција и контрола на пандемијата во Кина е стабилна. Кина е готова во текот на третиот и четвртиот квартал од годината да ги зачува резултатите од контролата на пандемијата, за да се стреми кон исполнување на годишните цели во економскиот и социјалниот развој.

Говорејќи чесно, ако Кина може да го одржува економскиот раст, тоа ќе биде во корист за закрепнувањето на светската економија, ќе му обезбеди на светот повеќе можности за соработка и развој. „Инвестирање во Кина“ станува актуелен тренд на глобално ниво, само во првата половина од годината, Кина привлече 320 проекти, секој од нив е со над 100 милиони американски долари инвестиции. А во вториот квартал, растот на странските инвестиции се зголеми за 8,4%.

Македонија и Кина имаат солидна соработка на доста проекти. Ќе продолжи ли таа и во иднина и дали можеме да очекуваме некои нови кога ќе помине пандемијата?

– Кина и Р. Северна Македонија се добри пријатели кои меѓусебно се почитуваат, и се однесуваат како еднакви една кон друга. Сега, политичката меѓусебна доверба меѓу нас е солидна, соработката во различни полиња продолжува да напредува. Кина придава големо значење на развојот на односите со Р. Северна Македонија и е подготвена да работи заедно со Р. Северна Македонија во понатамошното промовирање на билатералните односи за да се разиваат на ново ниво. Неодамна, Кина објави, дека ќе биде отворена за повеќе од 30 европски земји да дојдат во Кина за да продолжат со работа и производство, вклучувајќи ја и Р. Северна Македонија. Ова го покажува големо значење кое Кина го придава на нашата меѓусебна соработка.

Во рамките на иницијативата „Еден појас и еден пат“ и соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа („соработка 17 + 1“), Кина и Р. Северна Македонија спроведоа различни практични размени и соработка, додека ја зајакнуваме соработката во земјоделството, енергетиката, инфраструктурата, образованието, културниот туризам и други области, активно се промовира соработката во нови сфери, како што се дигиталната економија, вештачката интелигенција, новата енергија и еколошката средина.

На пример, двата автопати Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, се од првата група на проекти, користејќи „специфичен заем во вредност од 10 милијарди американски долари за земјите од Централна и Источна Европа“. Благодарение на успешната соработка, на 6 јули 2019 година, автопатот Милатиновци-Штип успешно беше пуштен во функција, а изградбата на автопатот Кичево-Охрид исто продолжува стабилно.

Кинеската страна активно го спроведува реализирањето на проектот за помош во здравствената и социјалната сфера и ќе продолжи да ја промовира втората фаза на проектот за изградба на едукативниот систем за далечинско образование. Кина ги поддржува кинеските претпријатија да финансираат тука, и се надева, дека двете страни ќе остварат соработка во различни области, вклучително и 5G технологии. Се разбира, Кина очекува Р. Северна Македонија да обезбеди фер, праведен, пријателски, стабилен и недискриминаторски деловен амбиент, како и секогаш.

Како ги коментирате „отровните стрели“ кои секојдневно доаѓаат од Соединетите Американски Држави (САД) кон вашата земја во однос на короната, економијата, интелектуалната сопственост, уништувањето на американски работни места, царините… и дали очекувате да се подобрат односите во блиска иднина, можеби веднаш по изборите во ноември?

– Во моментов, кинеско-американските односи се соочуваат со тешкотии, што привлече широко внимание од меѓународната заедница, вклучително и од Р. Северна Македонија. Неодамна, САД одеднаш побараа од Кина да го затвори Генералниот конзулат во Хјустон, што е еднострана политичка провокација, иницирана од САД против Кина. Некои американски политичари исфрлија разни заблуди еден по друг, злобно ја нападнаа Кинеската комунистичка партија и кинескиот политички систем, дури намерно ја искривуваа и целосно ја негираа историјата на развојот на кинеско-американските односи во изминатите 50 години. Тие се обидуваат да го измамат американскиот народ со лаги, да го измамат јавното мислење на меѓународната заедница и да го оживеат сеништето на Мекартијаизмот, со што се обидуваа повторно да ги вовлечат Кина и САД во конфликт и конфронтација, и повторно го туркаа светот во немири и разделби.

Одржувањето и стабилизирањето на кинеско-американските односи се во корист на благосостојбата на двата народа и народот низ целиот свет, а воедно се и тесно сврзани со светскиот мир, стабилност и развој. Верувам, дека меѓународната заедница има јасно разбирање во однос на политичките трикови на мала група американски политичари, и нема да дозволи предрасудите што поттикнуваат нова Студена војна да го раководат светот во погрешна насока. Кина нема намера да ги смени САД, и обратно, не е можно, САД да ја променат Кина.

Кина е посветена на градење на заедничката иднина на човештвото, решително се спротивставува на вештачката „нова студена војна“. Кина е подготвена да ги развие кинеско-американските односи со САД како неконфликтни, неконфронтирани, темелени на меѓусебно почитување и соработка со општа корист. А од друга страна, ние го отфрламе насилството и неправедните дела. Ние комплетно веруваме во иднината на светот, затоа што секое перверзно однесување е непопуларно и веројатно нема да трае долго. Мирот и соработката сигурно ќе станат избор на времињата и на народот.

Како гледате на европската интеграција на Западен Балкан? Македонија цврсто е определена кон членство во ЕУ, но дали тоа може да претставува проблем во односите со Кина?

– Соработката „17 + 1“ е меѓу-регионална платформа за соработка, заснована врз заедничките аспирации на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, што е погодно за забрзување на развојот на земјите од Централна и Источна Европа, а со тоа и помага во промовирање на процесот на Европската интеграција. Експресната железница меѓу Кина-Европа, и морската и копнена линија помеѓу Кина и Европа одиграа важна улога во оваа епидемија. На пример, група анти-епидемиски материјали, донирани од Кина за Р. Северна Македонија се превезени преку Експресниот воз меѓу Кина и Европа. Во ноември годинава, во Шангај ќе се одржи Третата кинеска меѓународна изложба за увоз, досега, повеќе од 400 компании од повеќе од 20 европски земји се регистрираат да учествуваат, од ова се гледаат големите очекувања од европската деловна заедница за кинеската економија.

Во моментов, Врховниот самит во рамките на соработката 17 + 1 е во фаза на активни подготовки, се очекува дека врз оваа платформа, ќе се интегрираат уште подобро иницијативата за „соработката 17 + 1“ заедно со Евроазиската стратегија за интерконекција, „Иницијативата за три мориња“ и развојните стратегии на земјите од Централна и Источна Европа, вклучително и Р. Северна Македонија. Да создаваме подобрена верзија на соработка 17 + 1, да отвориме нова визија за соработка со взаемна корист и да го промовираме новиот развој на односите меѓу Кина и ЕУ.

Со нетрпение ги очекувам земјите од регионот на Западен Балкан, вклучително и Р. Северна Македонија, активно да го постават планот за развој на „по-пандемиската ера“, да ги прошират заедничките интереси во соработката, да работат заедно за справување со глобалните предизвици и да напишат нова историја на соработката „17 + 1“ и развојот на односите меѓу Кина и Европа.

Петтата генерација на мобилните мрежи (5Г) предизвикува многу обвинувања и дебати, од тоа дека го пренесува коронавирусот, дека ја уништува животната средина, па до тоа дека се користи за прислушкување и следење на граѓаните. Кинеската компанија Huawei се чини е чекор пред своите конкуренти во однос на технологијата и развојот, а веќе мрежата се гради од кинеската компанија во многу земји. Сепак САД се спротиставува на учество на компанијата во изградбата на европската инфраструктура за 5G мрежите. Македонија се уште е назад на овој план, но дали сте запознаени за разговори на локалните власти со компанијата за соработка на ова поле?

– 5G технологијата е заедничка иновација на меѓународната заедница, повеќе од 100 милиони корисници во светот ја користат. Компанијата Huawei е кинеско приватно претпријатие и е лидер во 5G технологијата. Но, како што знаете, група американски политичари, водена од сопствените интереси, користат лаги и измами за да ги принудат другите земји да „изберат страна“ и јавно да ги испровоцираат разните земји да ги забранат опремите на Huawei. Со ова однесување се нанесува повреда не само на самите себе, но и на другите, освен ова и не може да се прилагодат на новата ера и ќе влезат во ќорсокак..

5G е технологија што ќе ја обликува иднината. За една земја, како да се однесува во однос на употребата на 5G технологија, не станува збор само за една компанија или индустрија, туку тоа ќе биде показател, дали релевантната земја може да гарантира безбедност на странските инвестиции, дали може да создаде законско, фер, отворено и недискриминаторско деловно опкружување.

Кина стриктно се спротивставува на употребата на административни организации за мешање или исклучување на кинеските компании од учество во нормалната меѓународна соработка и пазарна конкуренција, под маската на безбедносните проблеми во политички цели. Репресијата или забраните од одделни земји не можат да го спречат развојот и растот на кинеската технологија и компании. Напротив, тие ќе ги принудуваат домашните компании да користат скапи опреми, ќе ги принудуваат потрошувачите да плаќаат повисоки сметки за неквалитетни мрежни услуги, и ќе направат својата земја да се влече при брзиот развој на дигиталната економија.

Велика Британија го укина Huawei од својата 5G телекомуникациска мрежа со наредба кон сите свои мобилни оператори да ја отстранат опремата на компанијата од мрежата 5G на Велика Британија до 2027 година. Министерот за технологија, Оливер Дауден, вели дека Велика Британија повеќе не може да биде сигурна дека може да гарантира безбедност на идната 5G опрема на Huawei. Дауден тврди и дека кинеската компанија претставува закана за националната безбедност на Велика Британија. Прашањето е дали кинеската технологија е закана за националната безбедност на државите?

– Во моментов, компанијата Huawei им служи на повеќе од 170 земји и региони, има повеќе од една третина луѓе во светот кои се нивни корисници, и секогаш одржувала добар рекорд во безбедносната сфера. Компанијата е исто така прва компанија во светот, која јавно ветува дека ќе потпише договор за „немање на задна врата“ (вршење на работите на нечесен начин) и може да прифати тестирање и надзор од трето лице. Ова ја покажува самодовербата на Huawei во безбедноста и сигурноста на нејзините производи, исто така и отворената позиција за соработување со сите заинтересирани држави.

Всушност, на почетокот од годинава, Националниот совет за безбедност на Велика Британија заклучи дека можат да се контролираат безбедносните ризици, што ги презентираат кинеските компании во своите производи. Сепак, неодамна објавеното дека ја забранува Huawei е обратно. Ова веке не е проблем во заштита на безбедност, но е од трговската политика од САД. Тоа уште еднаш докажа дека одлуката за забрана на Huawei нема никаква врска со националната безбедност, туку е политичка манипулација.

Може да се каже, дека она што го сакаат индивидуалните американски политичари не е „5G безбедна мрежа“, туку „мрежа за прислушување за САД“, не за заштита на „слобода на приватноста“, туку за консолидирање на „дигиталната хегемонија“ на САД. Земјите во светот, кои страдаат од неволјата на американскиот приоритет и унилатерализам, сигурно ќе се спротивстават на расната дискриминација во глобалната соработка во науката и технологијата, како и против националната дискриминација. Неодамна, за време на посетата на државниот секретар на САД, Помпео во Европа, чешкиот премиер Андреј Бабиш одби да го исклучи Huawei од потенцијалните партнери за изградба на 5G систем, и ова е добар пример .

В.З.
Фото: Борче Поповски

Слични содржини