Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС во интервју за „Локално“ вели дека најсовремениот „фулфилмент“ центар во државата почна со работа. Сите компании во државата и надвор од неа што имаат потреба од пакување, чување, складирање… веќе нема да биде никаков проблем, ЕФЦ претставува најсовремено решение за магацинско складирање, пакување, бележење и дистрибуиурање. Со овој начин на работење се постигнува огромна ефикасност и заштеда, а безбедноста е на највисоко ниво.
Тој вели дека дневно се обработуваат и испорачуваат десетици илјади пратки, додека на месечно ниво зборуваме за стотици илјади пратки од „Тему“ и „Али Експрес“.
Структурата на нарачките е очекувана за еден пазар како македонскиот и најчесто станува збор за мали и лесни производи како што е облеката, мобилни додатоци, мали апарати за домаќинство, козметика, разни аксесоари и други видови на ситни производи. Овие платформи успеаја да ја погодат потребата за широк асортиман по пристапни цени, што е и причината за нивната масовна употреба
ЕЛС е главен играч на пазарот на испорака на онлајн нарачките. Дали имате доволно капацитет да одговорите на потребите, во смисла на комбиња, доставувачи…?
-ЕЛС во моментов располага со сериозна и постојано растечка инфраструктура, како од возен парк со околу 400 возила така и со мрежа на доставувачи и организациски капацитет што е прилагоден на реалниот обем на е-комерц пратки во Македонија. Нашите капацитети не се градени преку ноќ, туку се планирани долгорочно во нашиот развој со преку 10 годишно искуство и присуство на македонскиот пазар. Покрај тековните ресурси на возниот парк и човечките ресурси, минатата година го изградивме и најголемиот сортирен центар на поштенски пратки во државата, опремен со најсовремена и врвна технологија, согласно сите светски стандарди и практики.
Вие испорачувате најголем дел од пратките од Тему и Али Експрес. По колку пратки дневно испорачувате и што најчесто нарачуваат македонските граѓани?
-Во пикови, дневно се обработуваат и испорачуваат десетици илјади пратки, додека на месечно ниво зборуваме за стотици илјади пратки од овие платформи. Структурата на нарачките е очекувана за еден пазар како македонскиот и најчесто станува збор за мали и лесни производи како што е облеката, мобилни додатоци, мали апарати за домаќинство, козметика, разни аксесоари и други видови на ситни производи. Овие платформи успеаја да ја погодат потребата за широк асортиман по пристапни цени, што е и причината за нивната масовна употреба.
Дали се намалија нарачките од овие онлајн платформи со оглед на тоа дека државата направи измени на Закон за данок на додадена вредност со кои се даночат и малите пратки?
-Не, не забележуваме драматичен пад на нарачките. Причината е што кај голем дел од платформите, како Тему и останататите ДДВ-то веќе е вклучено во крајната цена што ја гледа купувачот. Од перспектива на граѓанинот, процесот останува речиси ист и тука нема дополнителни плаќања на шалтер и нема нови административни обврски. Она што се промени е регулативната рамка и контролата во позадина, а не корисничкото искуство.
Дали имате проблеми во однос на доставата, доцнење на пратките, нецелосни адреси или неточни телефонски броеви од граѓаните?
-Најчестите предизвици не се технички, туку информациски. Нецелосни адреси, погрешни или недостапни телефонски броеви и неточни податоци се проблем што постои во целиот регион, не само кај нас. Сепак, со оптимизирани процеси, дигитална поддршка и искусен тим на доставувачи, најголем дел од овие ситуации се решаваат без поголеми доцнења. Континуирано работиме и на едукација на корисниците дека точните податоци значат побрза и поефикасна достава.
Со колку домашни компании соработувате во моментов и колку испораки вршите на месечно ниво?
-ЕЛС во моментов соработува со стотици активни домашни компании, од мали онлајн продавници до поголеми е-комерц системи. На месечно ниво, тоа се десетици илјади домашни пратки, но оваа бројка континуирано расте. Особено е важно што се забележува пораст и на компании кои професионално влегуваат во е-комерц и бараат стабилен логистички партнер, а не импровизирани решенија.
Со оглед на тоа што ЕЛС доставува над 50 отсто од сите направени онлајн нарачки, дали планирате уште да се ширите на пазарот и кои се вашите следни планови?
-Да, ширењето е логичен и планиран чекор. Фокусот не е само на зголемување на обемот, туку на подобрување на квалитетот, брзината и технолошката поддршка. Во следната фаза, покрај проширување на капацитетите и отварање на нови логистички бази ни следи и уште поголема интеграција со фулфилмент центри како ЕФЦ. Паралелно, се анализираат и регионални можности, бидејќи е-комерцот одамна не познава граници. Целта е ЕЛС да прерасне од национален лидер во регионално препознатлив логистички оператор. Како новитет сакаме ексклузивно да изјавиме дека најсовремениот фулфилмент центар во државата почна со работа. Сите компании во државата и надвор од неа што имаат потреба од пакување, чување, складирање… веќе нема да биде никаков проблем, ЕФЦ претставува најсовремено решение за магацинско складирање, пакување, бележење и дистрибуиурање. Со овој начин на работење се постигнува огромна ефикасност и заштеда, а безбедноста е на највисоко ниво.
Б.С.