ИНТЕРВЈУ со Николов: Реално е да се очекува ново раздвижување околу споровите за  рудниците  за бакар

од Vladimir Zorba

Претседателот на асоцијацијата за рударство при СКСМ Николајчо Николов е внимателен во однос на оптимистичките прогнози врзани со вртоглавото зголемување на побарувачката на бакар.

Во разговор за „Локално“ објаснува дека двојно зголемената цена не значи нужно секогаш и многу поголем профит бидеќи паралелно се покачуваат и  останатите цени.

Цените во градежништвото и досега беа големи, се зголемуваат цената на нафтата,електричната енергија,резервни делови и друго.. Затоа велиме дека зголемувањето на одредени цени може да донесе губитоци, доколку се е поскапо од основниот производ..’’, набројува Николов.

Сепак, актуелната, искучително поволна состојба „Бучим’’ ќе ја искористи рационално, односно целата добивка ќе ја реинвестира во новиот рудник Боров дол.Посочувајќи го големиот процент со кој рудниците за обоени метали учествуваат во вкупниот извоз на државата, тој прави споредба со парадоксот на актуелните антирударски кампањи.

„ Реално е да се очекува ново раздвижување околу споровите за  рудниците  за бакар: Иловица Штука и Казан Дол. Особено ако се има предвид предизборниот период за локални избори. Што се однесува до новозаинтересирани инвеститори за наши рудници сметам дека,поради досега упатените негативни пораки и антирударските кампањи   треба да почекаме еден подолг период. Ова дотолку повеќе и поради инсистирање на наште власти за лесно еднострано раскинување на договорите за концесија и дозволите за експлоатација  на минералните суровини,што на инвеститорите им дава дополнителна несигурност“,вели Николов

На светскиот пазар расте побарувачката за бакар, до таа мера што светските медиуми го нарекуваат бакарот како “нова нафта”. Се чини дека во моментов никој не може да предвиди до кога ќе траат овие нагорни тенденции, но секако дека сите чинители во овој сектор од стопанството имаат причина за задоволство.Какo претседател на асоцијацијата за рударство при СКСМ  како ја оценувате состојбата кај нас,колку побарувачката влијае врз растот на цената?

-Долгата здравствена криза во светот допринесе дa дојде до одредена стагнација  на целокупната светска индустрија.Кај богатите се концентрира огромен  капитал,банките имаат слободни средства за кредитирање,а немаат доволно кредитобаратели и како последица на сите овие движења дојде до логично раздвижување на економијата,зголемена побарувачка на материјалите,особено металите,а со тоа и раст на цените. Како значителен, раст на цените прво се појави кај челикот и производите од челик,каде имаше долга стагнација,а со тоа и пад на производството.Кај никелот чија цена дирекно зависи од производството на челик дојде до значително зголемување.

Кај обоените метали и рудниците за обоени метали кои кај нас ги има четири (три за олово и цинк и еден за бакар) кои и за време на корона кризта работеа успешно и добро,новите зголемувања на цените сигурно ќе значат подобрување на економијата. За споредување,денеска цената на бакарот е околу 10.000 долари/тон,што е двојна повеќе во спредба со долгоодржуваната цена од 5-6000 долари по тон.

Дали и во колкава мерка зголемената побарувачка на бакар ќе влијае врз македонската економија?Како „Бучим’’ ќе ја искористи добивката?

-Комплексно е прашањето за да се даде прецизна прогноза како зголемените цени ќе се одразат на вкупната економија,особено на профитот кој е и најважен за инвеститорите.Знаете, тие не се радуваат на зголемени цени, туку на зголемен профит. Сосема би било погрешно доколку се наметне перцепција дека поголемата побарувачка значи дека ние сме се збогатиле. Крајниот ефект ќе се види кога ќе се стабилизираат цените, а кај нив веќе се забележува општ раст.Цените во градежништвото и досега беа големи, се зголемуваат цената на нафтата, на електричната енергија,резервни делови и друго.Затоа велиме дека зголемувањето на одредени цени може да донесе губитоци, доколку се е поскапо од основниот производ.Инаку, „Бучим’’ целата добивка ќе ја реинвестира во новиот рудник Боров Дол.

Кинеската влада неодамна најави мерки со кои ќе се спречи натамошниот раст на цената на бакарот, а Банката на Америка предупредува дека на светскиот пазар нема доволно бакар.Токму зголемената побарувачка и слабите залихи од  овој метал се очекува да ја вивнат цената до 20 000 долари за тон. Дали со растот на побарувачка на бакар и залихите од него паралелно оди и зголемувањето на извозот на овој метал?

-Во вкупниот извоз, бакарот учествува со  80 милиони долари на годишно ниво. „Бучим е мал и единствен производител на бакар во РС Македонија. Произведува од 8.000 до 10.000 тони годишно со максимална цена од 100 милиони долари. Рудниците за обоени метали реализираат извоз во износ од приближно 200 милиони долари годишно. Треба да се нагласи дека тоа е чист извоз, бидејќи увозот на резервни делови и репроматеријали не ја преминува сумата од 50 милиони долари.Нашиот ефект е многу поголем отколку во компаниите во ТИРЗ кои реализираат извоз во многу високи износи, но затоа имаат речиси подеднаква сума на увоз. Тоа значи дека ја продаваат само работната рака.

Дали во ваква состојба на пазарот може да се очекува отварање на нови рудници?

-Реално е да се очекува ново раздвижување околу споровите за  рудниците  за бакар:Иловица Штука и Казан Дол.Особено ако се има предвид предизборниот период за локални избори.Што се однесува до новозаинтересирани инвеститори за наши рудници сметам дека,поради досега упатените негативни пораки и антирударските кампањи   треба да почекаме еден подолг период.Ова дотолку повеќе и поради инсистирање на наште власти за лесно еднострано раскинување на договорите за концесија и дозволите за експлоатација  на минералните суровини,што на инвеститорите има дава дополнителна несигурност.

Во оваа прилика би сакал да нагласам дека долго експлоатираната тема за рудниците и нивното влијание врз животната средина,сите сегашни и потенцијални инвеститори истата ја имаат апсолвирано и е јасна.Матно е сеуште кај одредени  квази движења за животната средина,кои не се подготвени да седнат на заедничка маса со рудниците и потенцијалните инвеститори и да ги стават аргументите на маса.

Ценам дека во нашата земја,на темата рудници, е потребна посебна кампања каде со аргументи би докажале како може „и-и“,а не „или-или“ (рудници,земјоделие,туризам)Тоа долгорочно ќе доведе до решение како да го избереме правиот пат за развој,а не за уништување на економијата во земјата.

Државниот ревизор утврди дека во периодот од 2016-2020 год.имало слаба наплата на концесиските надомести заради системски слабости, лошо планирање, чести законски измени…Како да се подобрат состојбите од кои на крајот страда буџетот?

-Рудниците за обоени метали имаат континуирано производство и континуирано го плаќаат концесискиот надомест.Вариации има кај каменоломите бидејќи се варијабилни количините на произведен и продаден камен.Значи, забелешките не се однесуваат на рудниците на обоени метали бидејќи тие се ликвидни и редовно ги подмируваат сите обврски.

К.В.С.

 

Слични содржини