Да нема забуна, опозицијата не ги призна изборните резултати во 2014-та, не затоа што мислеше дека има изгубено со помала разлика од официјалната, туку затоа што конечно обезбеди докази дека од 2011-та до денес требало да победува на изборите, вели во интервјуто за Локално.мк Стево Пендаровски, кандидатот на СДСМ за претседател на државата на последните избори. Колку Иванов сега може да се нарече претседател, и  со која леснотија тој ќе помилува за изборен криминал , е повеќе од јасно. Системот може и мора да се демонтира, историската шанса е во ДИК, но и  во круцијалниот ангажманот на опозицијата! Државните институции со партиска војска ,медиумите под целосна контрола , но доказите и сведоците дојдоа и веќе сведочат во Специјалното обвинителство. Мора да се излезе од се ова , категоричен е Пендаровски ,  и да се знае дека стравот овојпат е најголем  кај власта – тоа е страв од губење на изборите, и стравот кај демократската јавност , избори без избор , особено ако се инсистира дека датумот е побитен од кредибилноста и квалитетот.

стево пендаровски

Бевте претседател на ДИК, гласноговорник на МВР, претседателски кандидат значи ако може така да се каже на сите три битни фронта кои сега се посочуваат, како спорни, и клучни за политичката криза.
 Првин искуството од ДИК, ви изгледа ли дека со сите овие сопки, недоследности, системот за добивање избори може да се демонтира.
-Системот може и мора да се демонтира. Целта на проектот “Вистината за Македонија” беше да се покаже дека последните неколку изборни циклуси се фалсификувани и дека само преку законски измени и техничка влада следниот пат може да се добијат кредибилни победници. Инаку, не ја гледам логиката на целокупниот опозициски ангажман во изминативе две години, ако системот не може да се демонтира.

 Освен намерата и оптимизмот колку твоите колеги , колеги од ДИК можат да го прочистат списокот? Зависи тоа само од нивната способност и воља или?

Не се сомневам дека најголемиот дел од нив имаат и волја и оптимизам, но, тоа нема да биде доволно. Најважни ќе бидат нивната стручност и пред сѐ, нивниот личен интегритет, особено кај тројцата избрани експерти кои имаат историска шанса да постават високи професионални стандарди.

Што е со одговорноста -Чија е , на ДИК, на МВР,  на Власта?

ДИК, пред сѐ, но и МВР како орган задолжен за повеќе матични евиденции на граѓаните, имаат свој дел од одговорноста во фазата наречена – вкрстување на базите, но, подоцна ќе биде круцијален ангажманот и на опозицијата и на власта при теренската проверка на податоците.

 

Државните институции со партиска војска ,медиумите под целосна контрола ама сведоците дојдоа во СЈО

Малку е измешано , што е она што е неопходно да се прочисти, и дали е за верување дека до толку можело да се злоупотребат институциите, и никој , ниту ДИК, ниту домашните, меѓународните, партиските контроли никој да не забележи таков изборен криминал?

Повеќе од јасно е дека институциите биле целосно злоупотребени, но, исто така е јасно дека индиции за деформацијата на системот постоеја и пред бомбите. Сепак, реалните пропорции на изборниот криминал станаа познати дури потоа, а причината за тоа им е позната на сите што живеат во Република Македонија: потполното претопување на сите државни институци во партијата на власт и целосната контрола на 90% од главните електронски медиуми од партискиот центар на моќ.11391336_1074227949257336_8705518710382122352_n

 Но,  ако не може да му се верува на МВР- тогаш кому. Бевте внатре во тој систем, како е можно со толку професионалци ,според тврдењата кои излегуваат во јавност деновиве да се изработуваат нелегални лични карти, веројатно и пасоши, 15 000 емб за фиктивни гласачи , и никој се тоа да не го пријави. Па тое е проверливо?
Можно е затоа што професионалците во МВР се или одамна истерани или се тргнати на маргините и на нивно место се поставени апсолутно лојални партиски војници. Инаку, сите вработени, без исклучок, што биле инволвирани во изборниот криминал, биле под сериозни закани да молчат. Меѓутоа, колку што ми е познато, повеќето од нив детално ги објаснуваат своите постапки во изјавите кои ги имаат дадено во СЈО при оформување на предметот Титаник.

 Како би се дефинирало се тоа, ако е точно? Лојалност кон партијата, личен страв да се спротиставиш, или кој плати тој добива , макар и да си и дел од МВР.
Мотивите биле различни, меѓутоа, лојалноста кон партијата била на прво место, се разбира, при тоа, ниту еден од нив не останал без конкретна компензација, најчесто во вид на напредување во кариерата.

Кој е победник на изборите ?

Ама како е можно се тоа да не пробие, сепак тие луѓе се носеле со коли по градови , гласале, се враќале, се печателе дупли документи, гласање по неколку пати и да не пробие никој да не се пофали !? Стравот е во прашање , партиска дисциплина или само профит ?

Не треба да се враќаме многу наназад, сепак, добар дел од тоа беше познато, дури и видео документирано од страна на ваши колеги за време на локалните избори во 2013-та, почнувајќи од издавањето лични карти во близина на нашата амбасада во Тирана, преку поминување на автобусите на граничните премини, организираниот превоз од некои такси здруженија, сѐ до изјавите на увезените гласачи кои во камера не можеа да кажат на која улица живеат. За мотивите спомнав погоре, да повторам уште еднаш, станува збор и за партиска дисциплина и за некаков вид на личен профит затоа што тие две работи кај оваа постава на ВМРО-ДПМНЕ секогаш оделе заедно.

 И ако се ова го докажат СЈО и ДИК, тогаш значи дека можеби вие сте претседателот а не Иванов?
Да нема забуна, опозицијата не ги призна изборните резултати во 2014-та, не затоа што мислеше дека има изгубено со помала разлика од официјалната, туку затоа што конечно обезбеди докази дека од 2011-та до денес требало да победува на изборите. Се разбира дека сето ова треба да се докаже и во законска процедура, меѓутоа, сите индиции укажуваат дека “победата” на Иванов е помалку легитимна од “победата” на Груевски.Stevo-Pendarovski-Konvencija-SDSM-Pretsedatel-28-Custom-520x328

. Ако е тоа така тогаш на самопрогласениот претседател Иванов ќе му биде лесно да помилува обвинети за изборен криминал, во пакет нели со уставниот суд , или можеби очекувате да се спротистави , барем како професор околу тоа што е уставно -неуставно?
Научна фантастика е дека Иванов било кога ќе се спротивстави на било која одлука на партијата на власт, најмалку околу помилувањето за изборниот криминал, бидејќи многу добро знае како е избран.

Предавници и патриоти

 Колку држи тезата на владините дека тие ја бранат државата, а опозицијата и странците предавнички ја разнебитуваат . Онаа гласното нели предавници и патриоти?

Без исклучок, таа теза е содржана во арсеналот на буквално сите декадентни националистички движења од 19 век до денес. За мене воопшто не е изненадување што владеачката партија упорно ја рециклира таа теза во јавноста затоа што нејзиното највисоко раководство со години покажува дека е во сериозен расчекор со светот во 21-от век. Се разбира, тука има и силни лични мотиви кај првите луѓе во власта кои иако добро знаат што правеле во изминатава деценија, сепак, не можат јавно да признаат дека се криминалци.

 Медиумите блокирани и злоупотребени, избирачкиот засега само вкрстен, пораката на меѓународнаа заедница вин-вин за двете страни и закажани избори на 5 јуни,  во пакет Заев се плаши од избори – Реално чиј е стравот?
Стравот на власта од губење на изборите е најголем. Според мене, тој страв кај нив е дури и природен затоа што многумина при изборен пораз сигурно не би седеле во опозициските клупи. Меѓутоа, кај демократската јавност исто така постои страв од тн. избори без избор, особено ако меѓународниот фактор инсистира на стабилност и на датум, наместо на слободен избор и демократски амбиент.

Тогаш каде е  излезот кое  е решението?

– Ако сакаме Македонија да биде демократска држава, а не диктатура, излезот е само еден: доследна имплементација на договорот од Пржино и извештајот на Прибе, без да се тврди дека датумот на избори е поважен од нивниот квалитет. Инаку, алтернативата е застрашувачка: држава во приватна сопственост на неколку луѓе кои ќе бидат господари на нашите животи и судбини. За секој разумен човек изборот е јасен.

Слични содржини