Интимен кадар: Хајди Клум во прегратката на младиот Каулиц

од Vladimir Zorba
177 прегледи

Скоро стана јасно дека Хајди Клум се верила за многу помладиот Том Каулиц. Ова се дозна преку социјалните мрежи, каде супермоделот ја сподели веста.

Двајцата досега постојано отворено зборуваат за нивната љубов еден кон друг, објавувајќи снимки од нивните заеднички празници. По фотографијата на која Хајди го прегрнува Том, а на раката ѝ блеска веренички прстен, следниот интимен кадар е како двајцата се под покривката, а супермоделот го вгнездил своето лице во тоа на својот љубовник.

Друштво, исто така, им прави нивното куче – кое е под јорганот. 

Пред нејзината врска со Каулиц, Клаум долго време одржуваше страсна врска со Вито Шнабел. Тој го замени поранешниот нејзин дечко – телохранителот Мартин Кристен, кој ја утеши од нејзиниот развод со Сил.

Со него Хајди беше во брак повеќе од 7 години. Од нивниот брак, тие имаат четири деца.